10 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето 2

11 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето

Намалувањето на телесната тежина е на некој начин тежок процес кој бара голема посветеност, истрајност и желба, бидејќи резултатите не доаѓаат веднаш. За да го направиме тој процес полесен, ви креиравме листа од 11 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето.

Полесно постигнете ја вашата цел. Прочитајте кои намирници може да ви помогнат и се препорачуваат често да бидат во вашата чинија. Со нив, слабеењето ќе стане полесно, а организмот ќе биде обезбеден со богати извори на протеини и соодветни дози на витамини и минерали кои го чуваат здравјето преку обезбедување на оптимален калориски внес.

11 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето

11 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето

Риба

Рибата е добар извор на квалитетни протеини и здрави масти. Посебно ако изберете морска риба ќе го обезбедите организмот со омега 3 масни киселини. Потрудете се барем 3 пати во текот на неделата да вкучите риба на менито. А за да ви го олесниме тоа ви предлагаме 3 начини за лесна и најдобра припрема на риба.

Јајца

Јајцата се одлична храна која освен со протеини, го снабдува организмот со цинк и железо. Често се препорачуваат во различни диети за слабеење, како и во исхраната на физички активните лица. Се подготвуваат на различни начини, варени, пржени, печени, а може да се додаваат во салати, намази, протеински лепчиња, нискокалорични колачи…

Мисиркино месо

Месото од мисирка овозможува подолго време да се чувствувате сити и да не се прејадувате. Благодарение на протеините кои ги содржи помага за полесно формирање на мускулите. На кратко, мисиркиното месо е фантастичен избор кој треба често да биде на менито!

Кафе

Сега ќе може да уживате во вашето кафе и да слабеете. Кафето е добар стимулатор на централниот нервен систем, а кофеинот го забрзува метаболизмот, со што се намалуваат масните наслаги во телото и ќе се зголемуваат физичките перформанси. Кофеинот во кафето исто така ја подобрува концентрацијата, будноста, вниманието, меморијата и на долгорочен план заштитува од намалување на когнитивните способности на мозокот.

Овес

Овесот е една од намирниците која го одржува нормално нивото на шеќер во крвта, го забрзува метаболизмот и придонесува за намалување на лошиот холестерол.

Јаболка

Јаболката изобилуваат со растителни влакна, а особено е значајна содржината на пектин. Како резултат на тоа го забрзуваат метаболизмот, го подобруваат варењето на храната и помагаат за намалување на килограмите. Вкусни се и лесни за јадење, секогаш и секаде, а дополнително поради високата содржина на антиоксиданси, превенираат појава на канцер. Дознајте зошто се вели дека јаболкото е хранлива ризница неопходна за добро здравје.

Авокадо

Авокадото е растителен избор на здрави масти и калиум. Од него се прават вкусни намази, а може да го додавате и во салати.

Домашна супа

Домашните супи не содржат засилувачи на вкус, имаат мал број на калории и изобилуваат со хранливи материи. Пред ручекот задолжително сервирајте си една чинија со домашна супа. Ви предлагаме супер рецепт за домашна пилешка супа со зеленчук.

Леќа

Позната е од античко време и содржи протеини кои го намалуваат гладот. Лесно се комбинира во разни јадења. Па, освен чорба со леќа, може да си направите посна салата со ориз, леќа и печурки.

 Банани

Исто како авокадото, бананите се богато паковање со калиум. Лесни за јадење, корисни за здравјето на срцето и без никакви заситени масти. Колку се помеки и позрели, толку е повисока количината на шеќер. Тој факт треба да го имате во предвид доколку сакате да ги намалите килограмите.

Грејпфрут

Нискокалоричен и со висока содржина на растителни влакна, грејпфрутот може да го стимулира метаболизмот во текот на цел ден. Исто така, заштитува од болести и го подобрува имуниот систем, па не го пропуштајте!

Се надеваме овој текст ви се допадна, а во скора иднина ви најавуваме уште многу други посветени на намалувањето на телесната тежина, како еден од проблемите на денешницата. Во меѓувреме ви препорачуваме да прочитате: Витки на здрав начин: 6 овошја кои го помагаат слабеењето.

Сподели: