12 функции поради кои е неопходна вода за добро здравје 1

12 функции поради кои водата е неопходна и важна за добро здравје

Нашето тело се состои од 55-78% вода зависно од градбата и телесната маса, а дневно преку дишењето и елиминацијата на токсините (отстранување на отровите од организмот) губиме до 1,7 литри вода. Затоа, за да може да ги извршите сите функции мора да ја има во оптимална количина!

Има осум нешта без кои не можеме да живееме и се неопходни за добро здравје, а тоа се јаглените хидрати, протеините, мастите, витамините, минералите, растителните влакна, кислородот и водата! Голем број на намирници кои ги јадеме имаат мала содржина на вода или водата се губи за време на готвењето. Свежото овошје и зеленчук имаат висока содржина на вода, па водата која ја добивате преку нив ве снабнува со богата мешавина на микрохранливи материи кои организмот може многу лесно да ги апсорбира.

За добро утро и лесна ноќ испијте чаша вода

Жедта е еден од првите знаци на дехидратација. Така, кога ќе почувствувате жед, веќе имате недостаток на вода. Безалкохолните пијалаци не можат да ја заменат водата. Голем дел од овие пијалаци содржи шеќер и кофеин, кои само го потпомагаат излачувањето на водата и делуваат како диуретици кои ја исцрпуваат течноста од телото. Прочитајте повеќе за симптоми и решенија за дехидратација.

12 функции поради кои е неопходна вода за добро здравје 2

Кои се функциите на водата во организмот?

  1. Го регулира варењето на храната (апсорпција и асимилација на материите и олеснето и побрзо варење).
  2. Помага во излачувањето на штетните отпадни материи од цревата и бубрезите со што спречува настанување на камен во бубрезите. Тоа е резултат на способноста на водата да ги разреди минералите и солите во мокрачата и на тој начин се спречува настанување на камењата. Бубрежните камчиња не можат да се формираат во разредена мокрача, затоа пијте многу вода!
  3. Ја регулира телесната температура.
  4. Ги подмачкува зглобовите и мембраните.
  5. Водата го успорува стареењето.  Доколку сакате да имате еластична кожа, пијте свежа вода. Во случај кога во телото нема доволна количина на вода, кожата се суши, се опушта и станува чувствителна.
  6. Водата ја негува кожата и влијае и врз убавината. Подочниците и црните кругови околу очите се исто така знак дека во организмот нема доволно вода. Пред да одите на спиење напијте се чаша вода или чај.
  7. Водата помага да останете витки. Го забрзува метаболизмот и дава чувство на ситост, а посебно кога се пие ладна помага за согорување на повоќе калории.
  8. Ја зголемува енергијата. Ако се чувствувате уморно и исцрпено, напијте се чаша вода. Дехидратацијата спаѓа во најчестите причинители на уморот. Исто така, доколку има недостаток на вода срцето отежнато ја пумпа крвта низ телото.
  9. Го намалува стресот. На сите наши органи вклучително и мозокот за непречено функционирање им е потребна доволно вода. Кога таа количина е мала, мозокот е изложен на поголеми напори, а тоа доведува до стрес (преку зголемено лачење на кортизол – хормонот кој го предизвикува  стресот).
  10. Ја забрзува изградбата на мускулите, ја зголемува нивната издржливост и штити од грчеви.
  11. Водата е основен составен дел на крвта, околу 92% од крвта е вода.
  12. Скоро целосно телесните течности и  дигестивните сокови се состојат од вода.

Ви предлагаме да прочитате: 3 здравствени причини и 2 совети зошто е важна водата при бременост.

Сподели: