kujnski soveti 1

12 совети кои ќе ви заштедат време во кујната

Поради големиот број на обврски сите имаме малку време, а и покрај тоа за добро здравје на целата фамилија пожелно е секој ден да направиме домашен ручек. Но, како тоа да се постигни? Ви предлагаме неколку совети кои ќе ви заштедат време при приготвувањето на јадењата.

Нема да верувате колку малите промени може да влијаат врз времето кое е потребно за приготвување на јадењето, па затоа внимателно прочитајте ги следните 12 совети кои ќе ви бидат од голема корист.

кујнски совети
  1. За време на викендот направете план за ручек за целата недела, па однапред исечкајте го и замрзнете го зеленчукот кој ќе ви биди потребен за рецептите. Вака припремениот зеленчук ставете го во пластични садови, а врз нив залепете лепенки (понеделник, вторник, …) и ставете ги во фрижидер или замрзнувач. Нема да верувате колку ќе заштедите време во текот на работната недела.
  2. Однапред припремете ужина за децата и распоредете ја по денови за да не губите време наутро.
  3. Пригответе повеќе храна и наместо за еден ручек, направете оброци за два дена. Во овој случај ќе може да изберете помеѓу јадењата кои се вкусни кога се затоплуваат како гулаш, чорби и слично.
  4. Во шпајзот секогаш имајте намирници од кои може да направите брза вечера како што се тестенини, туна, сос од домати, компири…
  5. Наместо ориз за кој е потребно повеќе време да се вари, користете тестенини од ориз кои се приготвуваат за двојно помалку време.
  6. Побарајте рецепти во кои не е потребно да се лупат морковите и компирите, а секогаш штом одите на пазар изберете млад и свеж зеленчук.
  7. Ако за ручек сакате да јадете плескавици, припремете ги претходната вечер, а другиот ден штом се вратите од работа, само испечете ги во тава или на скара.
  8. Не избегнувајте го замрзнатиот зеленчук и секогаш имајте залихи од него, затоа што може да ви послужи како прилог со пилешко месо, кое исто така брзо се приготвува.
  9. Направите лазања, мусака, чорби и супи во поголеми количини, а остатокот распоредете го во порции и замрзнете го. Во деновите кога нема да имате доволно време за готвење, едноставно извадете го замрзнувачот и затоплете го јадењето.
  10. Ако ја чистите кујната и ги миете садовите паралелно со готвењето ќе заштедите време за чистење после ручекот. За време на готвењето, мијалникот наполнете го вода, додајте малку детергент за садови и одма ставете ги чиниите кои не ви се потребни. На крај, само исплакнете ги.
  11. Ако немате, задолжително набавете си кујнски ножици за сечкање на зачинските растенија, како и за сечење на пилешкото месо.
  12. Добрата организација е еден од најважните фактори за заштеда на време и затоа пред него што започнете со готвење, направете план, што прво ќе се печи, што најдолго се вари и од каде да почнете. Од друга страна, за време на викендот направете план за исхрана, па запишете ги сите намирници кои ви се потребни за јадењата и одете во шопинг.

А имате ли некои ваши трикови кои ви помагаат да заштедите време во текот на готвењето?

Ви предлагаме да прочитате: 3 кујнски совети кои ќе ви заштедат време и пари.

Сподели: