капинки.

15 интересни причини да изберете капинки

Постојат голем број причини заради кои треба да изберете да сервирате капинки на вашата трпеза, или можеби уште подобро да се мотивирате да направите прошетка во природа и директно да ги уживате нивните благодети.

капинки

Прочитајте за голем број на корисни ефекти и позитивни состојки за здравјето, а исто така за одредени препораки и предупредувања од консумација на капинки:

  1. Капинките се многу богати со биофлавоноиди и витамин Ц.
  2. Во една чаша капинки има само 62 калории.
  3. Доколку изедете една чаша капинки ќе обезбедите 32% од дневните потреби на организмот за растителни влакна.
  4. Создаваат одбивност кон тутунот и на тој начин помагаат во одвикнување против цигарите.
  5. Темната боја со која се одликуваат ги сместува во овошјата со најизразени антиоксидативни својства.
  6. Овозможуваат затегнување на кожата на здрав и природен начин, а тоа го чува младешкиот и свеж изглед.
  7. Подолготрајна консумација на капинки ја подобрува меморијата и функцијата на мозокот.
  8. Содржат исклучително висока содржина на танин, кој помага против цревни воспаленија, против хемороиди и дијареа.
  9. Штитат од запек, срцеви заболувања и канцер.
  10. Капинките помагаат за побрзо оздравување и обновување на ткивата после повреди и воспаленија.
  11. Имаат ниска количина на натриум, што е добра карактеристика особено за сите кои патат од кардиоваскулари заболувања.
  12. Чајот од лисјата од капинката се користи за здрави непца и помага при воспаленија на грлото.
  13. Супер дозата на витамин К која ја содржат овозможува опуштање на мускулите, а посебна корист се забележува кај трудниците.
  14. Многу се корисни за ублажување на менструални тегоби и за здравјето на крвта.
  15. Ако забележите капинките да почнат да се обојуваат кон портокалева нијанса, веднаш фрлете ги бидејќи тие се зафатени од сериозно габично заболување.

Сподели: