кокос

15 добри причини да јадете кокос

Дали знаете дека кокосот се нарекува Дрво на животот? Благодарение на неговиот состав и големите придобивки врз здравјето, кокосот многу одамна се користи како храна и лек.

Кокосот во традиционалната медицина се употребува за третман на голем број на здравствени проблеми како што се: астма, ќелавост, бронхитис, изгореници, модринки, настинки, кашлица, запек, гингивит, неправилна или болна менструација, жолтица, камења во бубрезите, инфекции на кожата, тумори и друго. Кокосовото масло е од особен интерес кај научниците затоа што поседува лековити својства во споредба со другите масла.

кокос

Модерната медицина со низа истражувања ги потврдува одличните својства на кокосот:

  1. Ги уништува вирусите кои предизвикуваат грип, херпес, хепатит С, САРС.
  2. Успешно се бори со бактериите кои што предизвикуваат улцер, инфекции на хранопроводот, уринарниот тракт, заболувања на непцата, пнеумонија и гонореа.
  3. Ги уништува габичките и квасците кои предизвикуваат кандида и микоза.
  4. Ја зголемува енергијата и ги подобрува физичките и атлетските перформанси.
  5. Го подобрува варењето на храната и апсорпцијата на витамините, минералите и аминокиселините.
  6. Ја подржува развојот на силни коски и заби, така што ја подобрува апсорпцијата на калциум и магнезиум, и превенира појавата на остеопороза.
  7. Ја подобрува секрецијата на инсулин и помага во стабилизирањето на крвниот шеќер, така што го намалува ризикот од дијабетес.
  8. Ја помага работата на панкреасот и ги намалува симптомите поврзани со панкреатитис.
  9. Ја намалува болката и иритацијата предизвикана од хемороиди.
  10. Превенира појава на канцер на градите и дебелото црево.
  11. Добар е за здравјето на кардиоваскуларниот систем и помага за намалување на артериосклероза.
  12. Поседува антиоксидантни карактеристики и го штити организмот од штетните радикали кои што доведуваат до предвремено стареење и дегенеративни заболувања.
  13. Помага при појава на инфекции на уринарниот тракт, така што ги разградува бубрежните камчиња.
  14. Ја поддржува функцијата на тироидната жлезда.
  15. Го олеснува намалувањето на телесната тежина, така што го забрзува метаболизмот.

Сподели: