рецепти со спанаќ

17 избрани рецепти со спанаќ

Спанаќот го има во изобилство на пазарите, а цената е многу достапна. Па, затоа набавете си спанаќ и направете ги највкусните јадења. Ви претставуваме листа на 17 испробани рецепти со спанаќ.

Спанаќот претставува темно-зелен листест зеленчук кој потекнува од Југоисточна Азија. Како храна и извор на голем број хранливи материи, со векови наназад се користи во Азија додека во Европа започнал да се одгледува во осмиот век од нашата ера. Спанаќот содржи холин и инозитол, а тоа се супстанции кои помагаат во спречување на артериосклероза или појава на задебелување и стврднување на ѕидовите на артериите. Помага во стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта, што е посебно важно за дијабетичарите. Извор е на голема количина на витамините C и А, што го прави да биде познат како зеленчук против стареење.

Изберете ги вашите омилени рецепти, а штом ги пробате очекуваме да ни напишете во коментар како ви се допаднале.

рецепти со спанаќ

Посни рецепти со спанаќ

За љубителите на посни рецепти, имаме одлични предлози за куглоф, мазник, ориз и макарони со спанаќ.

Сподели: