растителни влакна.

19 извори на растителни влакна и нивна важност за здравјето

Јадете повеќе растителни влакна, веројатно сте ја слушнале оваа реченица многу пати. Но, дали знаете зошто растителните влакна се добри за вашето здравје?

Во главно можат да се најдат во овошјето, зеленчукот, житарките од цели зрна и мешунките, а најдобро позната нивна способност е спречувањето или олеснувањето на тегобите при запек. Растителни влакна се состојка во хранливите производи за која се препорачува висока застапеност во секојдневната исхрана, а што е изборот на таква храна можете да го направите многу лесно.  Причините да јадете што повеќе растителни влакна се повеќе: тие помагаат за намалување на крвниот шеќер и регулирање на холестеролот во крвта, придонесуваат за спречување на рак на дебелото црево, во голема мера ја подобруваат состојбата при проблеми со хемороиди и една од нивните важни функции е да овозможат подобро варење на храната.

растителни влакна

Јадењето на природна храна богата со растителни влакна е најдобриот начин да ја зголемите вашата дневна доза и да ги задоволите потребите на организмот за растителни влакна. Жените треба да внесуваат околу 25 грама дневно, а мажите најмалку 35-40 грама, но просечен човек добива само 15 грама на ден. Растителните влакна помагаат и за слабеење, а ако се прашувате која храна е богата со нив ние ви подготвивме листа на производи кои се посебно богати со растителни влакна:

  1. Бадеми
  2. Јаболка
  3. Јачмен
  4. Брокула
  5. Грашок
  6. Малини
  7. Овесни снегулки
  8. Артичока
  9. Круши
  10. Леќа
  11. Интегрален (црн) леб
  12. Интегрален (црн) ориз
  13. Интегрални (црни) тестенини
  14. Авокадо
  15. Грав
  16. Пченица
  17. Банани
  18. Портокали
  19. Спанаќ.

Сподели: