2 рецепти за салеп со млеко и цимет

Салепот е фантастичен напиток со лековито и афродизијачко дејство, кој има способност да ја ублажи болката на надразнетата слузница во грлото и да го запре кашлањето. Освен тоа, топлиот и ароматичен салеп, има бројни придобивки за здравјето. А, што има подобро од чаша топол салеп со млеко во ладните денови? Ви претставуваме 2 рецепти за салеп кои сигурно ќе ви се допаднат.

Сигурно се прашувате која е разликата меѓу нив. Направивме мало истражување за салепот кој се наоѓа во маркетите во наша близина. Забележавме дека во основа се продаваат два типови на салеп, едниот од нив се продава во мали кесички и не содржи додатоци како шеќер и цимет, а другиот може да се набави по слична цена, има поголема грамажа и е засладен. Начинот на подготовка на салепот е сличен, но сепак треба да знаете како се приготвуваат. Заедничко беше тоа што при подготовката користевме млеко од Млекара Здравје Радово.

рецепти за салеп

Салеп со млеко и цимет

За подготовка на овој рецепт се користи салеп од мали кесички кои се во пакувања од 10 до 15 грама. Истиот не содржи шеќер или други додатоци.

Состојки:

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете го млекото да се вари.
  2. Во чаша ставете ја водата и додајте ја лажичка салеп. Добро измешајте.
  3. Штом млекото зоврие, намалете ја температурата и додајте го салепот со водата. Постојано мешајте со лажица за време од 5 минути додека салепот се згусти.
  4. Потоа тенџерето тргнете го од огнот и додајте шеќер по вкус. Повторно измешајте додека шеќерот се растопи. Готовиот салеп ставете во чаши. Послужете го додека е топол, наросен со цимет. На здравје!

Рецепт за подготовка на засладен салеп

Како што претходно спомнавме во маркетите може да се најде и засладен салеп. Па, штом имате ваков салеп на располагање, време е да започнете со подготовка.

Состојки:

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете го млекото да се вари.
  2. Во чаша ставете ја водата и додајте ја лажичка салеп. Добро измешајте.
  3. Штом млекото зоврие, намалете ја температурата и додајте го салепот со водата. Постојано мешајте со лажица за време од 5 минути додека салепот се згусти.
  4. Потоа тенџерето тргнете го од огнот. Готовиот салеп послужете го додека е топол, наросен со цимет. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Салеп – зимски напиток за лесно дишење и потенција.

Сподели: