2 домашни препарати за природно хидрирање на кожата на лицето 1

2 домашни препарати за природно хидрирање на кожата на лицето

Пробајте да направите нешто и самите дома за вашето лице, негувајте ја и заштитете ја кожата на лицето! Тоа можете да го направите и со домашни препарати за природно хидрирање, па прочитајте ги нашите предлози кои се испробани и делуваат.

Може да ве интересира: 5 намирници за убава кожа.

2 домашни препарати за природно хидрирање на кожата на лицето 2

Природна маска за хидратација на лицето

Оваа маска одлично ја зачувува неговата свежина и ја подобрува еластичноста на кожата. А знаете дека тоа значи убава кожа која изобилува со свежина и младешки сјај. Вистина е дека не можеме да биде нежни како во детството цел живот, но и тоа како може да придонесеме за да старееме убави и да зрачиме со позитивна енергија каде и да одиме! За оваа маска не ви се потребни некои состојки кои се специфични да се набават. Напротив, поедноставно не може да биде. Наменета е за мажи и жени во секоја возраст. Се прави од банана, јогурт и мед, а точните количини на состојките, подготовката и начинот на употреба, можете да ги прочитате тука.

Откако ќе завршите со маската за нега на лицето. Предлагаме да продолжите со нанесување на крем.

Домашен хидратантен крем

Одличен е за нега и длабинска хидратација на кожата! Како што сме рекле и многу пати досега, не секогаш ви се потребни многу пари за да купите скапоцени препарати за нега на кожата. Ја сакаме природната нега, па еве еден испробан рецепт за домашен хидратантен крем.  Според податоците кои ги најдовме, се верува дека овој крем прв пат го направил некој грчки лекар кој живеел пред повеќе од 2000 години. Се прави прилично едноставно, затоа што не се потребни  некои апарати или состојки.

Состојки:

  • 1 лажица природен мед
  • 8 лажици рендан пчелин восок
  • 200 мл бадемово масло
  • 1/2 шолја вода од ружа (се купува или се прави домашно по желба)
  • 2 мали чисти теглички.

Подготовка и начина на употреба:

Во мал сад турете го бадемовото масло и на многу ниска температура стопете ги медот и ренданиот восок. Оставете смесата малку да се излади. Потоа, капка по капка, со мешање, додавајте од водата од ружа додека ја добиете посакуваната густина. Тоа ќе го одредите најдобро според структурата на смесата. Мешајте уште неколку минути, а потоа смесата складирајте ја во суви и чисти теглички. Затворете ја и чувајте на ладно место. Погодно е за секојдневна употреба, а се нанесува на чисто лице.

Ви препорачуваме да прочитате: Природна маска за хидрирање на лице за сите типови кожа.

Сподели: