2 трикови за лесно чистење на бигорот од електричниот бокал

Ако денот го започнувате со шолја кафе или чај, сигурно еден од омилените кујнски апарати ви е електричниот бокал. Меѓутоа, овој кујнски апарат покрај сите предности има еден огромен недостаток со кој многумина се соочуваат, а тоа е бигорот кој се јавува по извесно време. Можеби досега сте давале многу пари за набавка на средства кои се наменети за чистење на бигорот од електричниот бокал. Сега е време да ги пробате нашите испробани кујнски трикови за лесно чистење на наталожениот бигор.

После неколку месеци на секојдневна употреба, на електричниот бокал може да забележете каменец и бигор. Затоа, ние решивме да споделиме со вас два навистина практични совети за да се ослободите од досадниот бигор, и тоа само со две состојки која секој ја има дома: лимонтус и оцетна киселина.

чистење на бигорот од електричниот бокал

Чистење на бигорот од електричниот бокал со помош на лимонтус

Првиот кујнски совет е многу едноставен. Наполнете го вашиот електричен бокал со вода. Потоа во него ставете го лимонтус. Потребна ви е една кесичка со лимонтус. Вклучете го бокалот и оставете го за да зоврие водата во него. Овој процес може да го повторите неколку пати за да има целосен ефект, во зависност од тоа колку бигор има наталожено на него. Пред да ја повторите постапката, прво почекајте претходно зовриената вода во него целосно да се излади.

Чистење на бигор од електричен бокал со помош на киселина

Ако немате на располагање лимонтус, бокалот може да го исчистите со помош на киселина. Ставете малку киселина во бокалот и оставете го преку ноќ. Потоа темелно исчистете го бокалот.

Ви препорачуваме да прочитате: Колку е чиста вашата кујна?

Сподели: