маска од квасец

3 домашни маски за забрзување на растот на косата

Косата од секогаш се сметала за украс и израз на женственост кај понежниот пол, како и машкост кај посилниот пол. Засиленото опаѓање на косата е проблем кој може да се јави во било која доба од животот, а претставува голем проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. За да ја зајакнете косата и да го спречите опаѓањето ви предлагаме 3 домашни маски кои може да ги направите во вашиот дом.

Ќелавоста може да биде наследна или стекната, а се јавува како резултат на агресивни козметички препарати, несоодветна исхрана, стрес, ненадеен шок, хронична настинка, грип, анемија и други состојби во организмот.

Маска од банана против опаѓање на косата

Бананата е одлична за подобрување на растот на косата, а корисна е и за нега на сува и мрсна коса. Многу е богата со витамини и минерали, а од неа може да направите и природна маска против опаѓање на косата. За да ја направите потребни ви се 1 банана и 3 капки бадемово масло. Повеќе совети против опаѓање и постапката за правење на оваа маска, прочитајте ја тука.

Маска од квасец за зајакнување и побрз раст на косата

За да ја направите оваа маска од квасец потребни ви се едноставни состојки кои ги имате во вашата кујна, а резултатот е видлив по првиот третман. Квасецот содржи висококвалитетни протеини и други хранливи состојки, чиј што недостаток води до опаѓање и кинење на косата. Медот е богат со голема количина на антиоксиданси и хранливи материи кои ги хранат фоликулите при што се поттикнува растот на здрава коса. Потребните состојки, постапката за правење и нанесување на оваа маска, прочитајте ја тука.

маска од квасец

Домашна маска за поздрава и побујна коса со маслиново масло

Имајќи предвид дека бавниот раст и ретката коса е она што може на многумина им претставува проблем и им ја намалува самодовербата, ви укажуваме дека не секогаш важи правилото за скапите препарати да се категоризираат како најефикасни и дека за брзо време ќе ги решат проблемите со ретката коса. Маслиновото и кокосовото масло се едни од најдобрите сојузници на убавата коса. Потребните состојки, постапката за правење и нанесување на оваа маска, прочитајте ја тука.

Ви предлагаме да прочитате: Топ 7 намирници за здрава и сјајна коса.

Сподели: