3 домашни третмани против стрии

Топлото време нè потсетува дека облеката станува помалку неопходна, а убавината на кожата доаѓа до израз. Но, повеќето жени ја губат самодовербата кога е во прашање кожата, затоа што непријатните проблеми како целулит и стрии ја уништуваат нејзината убавина и беспрекорност.

Освен целулитот, она што најмногу им смета да дамите, особено кога доаѓа летото и одморите се стриите. Стриите се линии на површината на кожата, кои не содржат пигмент, а се јавуваат кај мажите и жените од повеќе причини. Може да се јават генетски, при нагло слабеење или дебелење, во бременост или при вежбање (обично кај мажи при тренинг со тегови). Најчесто се јавуваат на абдоминалниот дел, но и на бутовите, задникот, надлактиците и градите.

Со стриите не се соочуваат само бремените жени. Повеќе од 90% од жените во светот почувствувале на своја кожа како е да се соочиш со овој проблем и сите се согласуваат дека борбата против стриите е тешка, а победата скоро недостижна. Но, за среќа има природни решенија кои може да ви помогнат за намалување на стриите.

третмани против стрии

Третман со рицинусово масло

Маслото од рицинус кое се користи за нега на кожата, намалување на брчките, старечките пеги, темните флеки и акни, исто така може да се користи за третман на стрии.

Намесете масло на кожата и нежно масирајте со кружни движења за време од 5 до 10 минути. Потоа, на тоа место ставете танка, памучна крпа или марамче. Врз крпата ставете шише со топла вода или термофор и оставете го околу 30 минути. Повторете го овој процес секој ден, а по еден месец ќе забележите позитивен ефект.

Може да ве интересира: Рицинусово масло за брз раст и здрав сјај на косата, веѓите и трепките.

Белки за намалување на стрии

Јајцата се богати со протеини, кои имаат позитивен ефект за кожата. За намалување на стриите се користат белките, како богат извор на аминокиселини и протеини. Третманот со белки се прави на следниот начин:

Изматете две белки со помош на виљушка. На чиста кожа, со помош на четка за шминкање нанесете богат слој на белки. Оставете белките да се исушат, а потоа кожата измијте ја со ладна вода. После тоа, нанесете маслиново масло, за да ја нахраните кожата. Повторувајте го овој домашен третман и за две недели очекувајте видливи резултати.

Домашни третмани со алое вера

Алое верата често се користи во разни скапи козметички средства за нега на кожата. Тоа ја смирува и лекува кожата, па може да се користи и при стрии, на неколку начини.

Може да ставите гел од алое вера на проблематичното место, да го оставите да делува 15 минути, а потоа кожата да ја измиете со млака вода.

Друг начин е ¼ чаша гел од алое вера да го измешате со масло од 10 капсули витамин Е и витамин А од 5 капсули. Мешавината нанесете ја кожата и масирајте додека се впие. Третманот правете го секој ден додека забележите позитивен ефект.

Ви предлагаме да прочитате: Алое вера за совршена кожа.

Сподели: