3 мали правила за успешна диета 1

3 мали правила за успешна диета

За да бидете задоволни, да имате успешна диета и да имате чувство дека сте направиле сѐ за истата да ги исполни посакуваните резултати, треба да се почитуваат неколку правила. Почетокот на новата година е секогаш одличен период за донесување на нови одлуки, па така повеќето луѓе баш тогаш одлучуваат да се хранат поздраво и да го намалат вишокот на килограми. Ако и вие одлучите новата година да ја започнете во топ форма, прочитајте ги овие 3 мали правила кои ќе ви помогнат поуспешно да ја спорведете вашата диета.

Јануари е одличен месец за да започне со диета, бидејќи во овој период поради многу празници и обилната храна сите добиваме по некој килогарм повеќе. Нутриционистите советуваат дека рестриктивните диети кои ветуваат губење на многу килограми за краток период треба да се избегнуваат. Сѐ што треба да направите е да се придржувате до овие основни правила, и вашата диета со сигурност ќе биде успешна.

3 мали правила за успешна диета 2

Не штедете на калории

Тоа значи дека не треба да прескокнувате оброци, бидејќи ако го прескокнете ручекот најверојатно ќе изедете многу повеќе за вечера. Секогаш појадувајте појадок кој е богат со протени, затоа што таквата храна претаставува одлична основа за поздрава исхрана подоцна во текот на денот.

Спроведувајте ги промените една по една

Многу е важно големите промени во исхраната да ги спроведувате постепено, бидејќи ако промените повеќе работи одеднаш, голема е веројатноста дека нема да успеете. За почеток, обидете се редовно да појадувате, а кога тоа ќе ви премине во навика, почнете да консумирате и повеќе зеленчук, а потоа исфрелете ги шеќерите и сѐ така менувајте ги навиките по ред.

Не го одложувајте почетокот

Една од најголемите грешки кои луѓето најчесто ги прават е одложувањето на почетокот на диетата. Ако сте одлучиле да ослабнете и да се храните поздраво, започнете го веднаш и не чекајте да помине некој празник или настан, па потоа да ја започнете диетата. Дури и за време на празниците и прославите можете да се храните здраво. Потешко е, искушенија има многу, но не е невозможно!

Совет плус: Доколку се придржувате до овие правила, истовремено започнете и да вежбате, за кратко време ќе бидете во одлична форма.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете сами свој диетален режим.

Сподели: