3 рецепти за домашен сладолед со овошје 1

3 рецепти за домашен сладолед со овошје

Сигурно ќе се согласите дека највкусното освежување во летниот период се домашните сладоледи. Некои од нас обожаваат сладолед со вкус на чоколадо, ванила, но овошните вкусови даваат повеќе свежина во топлите летни денови. Па, повелете неколку рецепти за домашен сладолед со овошје.

3 рецепти за домашен сладолед со овошје 2

Домашен сладолед со праски и слатка павлака

Освежително и лесно, за сите љубители на овошни сладоледи. Со оглед на тоа што сезоната на праските започна, време е да ги направите најубавите десерти. А во лето се знае, не може да се замисли без сладолед. Па, драги пријатели пробајте го овој рецепт за домашен сладолед со праски и слатка павлака. Вкусот е фантастичен, а на вас оставаме да ни кажете како ви се допаднал овој домашен овошен сладолед. За рецептот кликнете тука.

Домашен сладолед од кајсии

Обожаваме сладоледи со слатка павлака, затоа што имаат кремаст вкус и многу брзо се прават. А штом имаат додаток на овошје, се многу освежителни и убаво изгледаат. Направете го овој сладолед од кајсии и поканете ги пријателите на дружење и дегустација. Освежување и засладување, идеално за летниот период! Топ комбинација од кајсии и слатка павлака, за кремаст, млечен и овошен вкус. А, за да го направите домашниот сладолед од кајсии следете го овој испробан рецепт.

Домашен овошен сладолед од праски

Ова е омилениот сладолед на Лана, кој редовно го прави штом започне сезоната на праските. Таа ни предлага дека количината на шеќер која ќе ја додадете зависи од блажината на овошјето,  а наместо кисело млеко, може да користете кисела павлака. Повелете рецептот.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 избрани рецепти за домашни сладоледи.

Сподели: