рецепти за проја без глутен 1

3 испробани рецепти за проја без глутен

Глутенот е протеин кој се среќава во група житни растенија, како што се пченица, ‘рж, јачмен, а неговата улога е да и помогне на храната да ја задржи својата форма, заради што често се опишува како леплива растеглива материја. Постојат повеќе луѓе кои се соочуваат со интолеранција на оваа состојка, па затоа ви припремивме неколку рецепти за проја без глутен на едно место. Еве кои се тие!

Пченката е карактеристична по тоа што е уште една безглутенска житарка и денес се поголема примена наоѓа во исхраната на лицата кои имаат целијачна болест. Од неа може да се добие пченкарно брашно кое се користи во мешавини за разни видови леб, печива или за пченкарна пита – кај нас позната како проја. Баш со вакво брашно се подготвени и рецептите кои следат во продолжение, па ако ве интересира повеќе за хранливата вредност на пченкарното брашно кликнете тука и прочитајте.

Здрава проја со блитва

Рецептов за оваа здрава проја со блитва доаѓа директно од нашата кујна, испробан е и ви гарантираме дека ќе посакате да го направите пак. Супер е како замена за леб, без глутен е, не дебели и погодна е за диета. За ја направите прочитајте го рецептот тука.

recepti za proja bez gluten 2

Здрава проја со семиња

И овој рецепт за здрава проја со семиња доаѓа директно од нашата кујна. Пред да ви го предложиме ние го пробавме и можеме да ви потврдиме дека вкусот е пријатен и пожелен за почеста консумација и тоа од сите членови на семејството. Слично како и пројата со блитва, може да го користите и како замена за леб, не дебели и погодна е за малку порестриктивен режим на исхрана или подобро речено за избор на здрава листа на храна. Рецептот може да го прочитате тука.

Здрава проја со моркови и ленено семе

Оваа здрава проја со моркови и ленено семе можете да ја јадете за појадок, да ја понесете за ужинка на работа или да ги почестите пријателите со малку поздраво мезе, затоа што одлично се вклопува со разни намази, павлака, јогурт, маслинки. Рецептот прочитајте го тука.

Вака подготвената здрава проја можете да ја јадете со разни домашни намази и сосови како што се зазики состартар сосдомашен намаз од крем сирењездрав намаз од маслинки, вегетаријански намаз од зеленчук итн.

Ви препорачуваме да прочитате: Безглутенски погачки со маслинки и оригано.

Клучни зборови:

Сподели: