3 рецепти за смути - детокс, витаминско и имуно

3 рецепти за смути – детокс, витаминско и имуно

Пријатели, си набавивме нов Philips блендер и си повикавме друштво. Сакавме да ги послужиме со нешто здраво, па решивме да ги направиме нашите омилени рецепти за смути. Детокс, витаминско и имуно смути беа нашиот избор.

Сите беа изненадени од прекрасниот вкус, а кога им кажавме дека тајната е во Philips блендерот посакаа веднаш да го тестираат. Она што најмногу ни се допаѓа нам е опцијата за смути и револуционерна ProBlend 6 3D технологија со која за неколку секунди добивме перфектна кремаста текстура. Прекрасниот дизајн со кој блендерот се вклопува во сечија кујна, лед дисплејот, тивкиот и брз режим на работа, шпатулата и двете чашки со кои можеме да го понесеме или послужиме готовото смути, сигурни сме дека ќе ви се допаднат и вам. И претходно сме користеле блендери, но овој Philips блендер баш не воодушеви! Инспирирани од него секој ден приготвуваме здрави смути, но и свежи овошни сокови за целото семејство. Капацитетот на стаклениот сад е 2 литри, така што безгрижно и веднаш правиме смути во поголема количина.

Па, еве ги рецептите:

Детокс смути

Зелена комбинација за совршено здравје и детоксикација! Здравиот спанаќ во комбинација со ѓумбир, јаболко и киви, преточени во вкусно смути. Од наведените состојки ќе добиете 3 чаши со детокс смути.

Детокс смути

Состојки:

  • 1 зелено јаболко
  • 2 киви
  • 200 грама спанаќ
  • 1 чаша кокосово млеко
  • 1 ½ чаша вода
  • 2 лажички свеж ѓумбир.

Подготовка:

  1. Спанаќот добро измијте го.
  2. Ѓумбирот излупете го и изрендајте го. По желба може и да го исечкате.
  3. Јаболкото измијте го и исечете го на парчиња.
  4. Кивите излупете ги и исечкајте ги на парчиња.
  5. Во блендер ставете ги кокосовото млеко, водата, ѓумбирот, спанаќот, сечканото јаболко и кивијата. Блендирајте околу 15 секунди. Потоа со помош на шпатулата притиснете го спанаќот. Продолжете со блендирање со опцијата за смути околу 30 секунди. Готовото смути ставете го во чаши и послужете го. На здравје!

Имуно смути со калинка и вишни

Ова имуно смути ќе ви даде енергија, а вкусот и аромата се фантастични! Вишни, калинки и цимет е добитната комбинација. Ако го применувате почесто, ќе ви помогне во одржувањето на здравиот имунитет, а во зима тоа е она што ни е потребно најмногу.

смути

Состојки:

  • 1 чаша замрзнати вишни без семки
  • ¾ чаша свежо цеден сок од калинка (1 ½ калинка)
  • ½ чаша јогурт
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 1 лажица мед
  • цимет по вкус
  • 2 коцки мраз.

Подготовка:

  1. Калинките измијте ги и пресечете ги на половина. Исцедете ги со помош на цедилка за да добиете сок.
  2. Во бледнерот ставете ги свежо цедениот сок од калинка, јогуртот, сокот од лимон, замрзнатите вишни, мразот и додајте цимет по вкус.
  3. Блендирајте со опцијата на смути за време од 30 секунди до 1 минута. Готовото смути ставете го во чаша и послужете го. На здравје!

Витаминско смуди со портокали и банани

Започнете го денот со витаминско смути! Направено со портокали и банани, идеално за сечиј вкус. Од наведените состојки ќе добиете две чаши вкусно смути со тропски вкус.

Витаминско смуди со портокали и банани

Состојки:

  • 2 портокали
  • 1 банана
  • ½ чаша свежо цеден сок од портокал или мандарина
  • 2 лажици јогурт
  • 1 чаша вода или растително млеко (бадемово, кокосово или оризово)
  • 1 лажица мед, стевиа или друг засладувач по желба
  • 3-4 коцки мраз по желба.

Подготовка:

  1. Земете еден портокал и исцедете го со цедалка.
  2. Потоа, отстранете ја кората на двата портокали и исечкајте ги.
  3. Бананата излупете ја и исечкајте ја.
  4. Во блендерот ставете ги свежо цедениот сок од портокал, јогуртот и водата. Додајте ги сечканите портокали и банана. На крај, засладете со мед, стевија или друг засладувач по желба.
  5. Блендирајте со опцијата на смути за време од 30 секунди до 1 минута. Во две чаши ставете коцки мраз. Потоа ставете го витаминското смути и послужете. На здравје!
3 рецепти за смути - детокс, витаминско и имуно

Грижата за сопственото здравје е наша должност, која сега е многу полесно да се исполни! А кој рецепт е вашиот избор?

Ви предлагаме да прочитате: Која е бојата на твоето здравје? 6 типови на храна кои ќе ти помогнат да се чувствуваш подобро.

Сподели: