3 важни причини да јадете келераба

Дали консумирате келераба? Таа има случен вкус со брокулата, само што е крцкава. Многу е богата со витамин Ц, антиоксиданси и калиум, а тоа е особено важно во летниот период кога некои лица прекумерно се потат. Освен за готвење, одлична е за летни салати.  

Една шолја келераба содржи повеќе витамин Ц – 138% од дневните потреби на организмот за овој витамин. Но, тоа не е се. Има уште три добри причини да ја воведете келерабата во секојдневната исхрана.

Корисна е за здравјето на срцето

Една порција келераба содржи околу 25% од препорачаните дневни дози на калиум, кое е важен за функционирање на мускулите, одржување на нормално ниво на крвен притисок и работа на срцето. Американското списание „Преглед на националното здравје“ наведува податок дека луѓето кои секојдневно внесуваат 4 грама калиум имаат 49% помал ризик да заболат од исхемчина болест на срцето во споредба со оние кои внесуваат помалку калиум (околу 1 грам).

келераба

Одлична е за органите за варење

Една чаша келераба содржи 5 грама растителни влакна, што е петтина од препорачаните дози. Растителните влакна се неопходни за добро варење на храната, како и за одржување на здрава цревна микрофлора.

Има антикацерогени својства

Како и некои други растенија (кељ и ротквици), келерабата содржи ензим мирозиназа која го помага претворањето на сулфурните соединенија во изотоцијанати, за кои е познато дека делуваат антиканцерогено.

Како да ја приготвите?

Ако обожавате свежа храна, келерабата може да ја исечете на тенки кругови и да ја грицкате со некој сос. Може да ја додадете во салати со зелка, супи и варива, или да ја приготвите на пареа со некој зеленчук.

Ви препорачуваме да прочитате: Рен за превенција на респираторни заболувања и канцер.

Сподели: