3 домашни пилинзи за совршено мека кожа

Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка и жена. Редовната нега за миење на лицето, нанесување на крем, помагаат да се задржи свежината и сјајот на кожата. Но, покрај тоа еднаш неделно се препорачува да правите пилинг за лице, кој има улога за отстранување на мртвите клетки на кожата. Затоа ви препорачуваме три домашни пилинзи за лице кои може сами да ги направите.

Пилингот е неопходен за нежна и блескава кожа, затоа што со отстранувањето на мртвите клетки им помага на новите клетки побрзо да стигнат до површината. Но, дали знаете дека нема потреба да трошите многу пари и да купувате скапи козметички средства наменети за пилинг на кожата? Природните препарати се ефикасни, евтини и лесно достапни, а резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа.

пилинзи за лице

Домашен пилинг против црнки на лице

Се соочувате со црнки и чувствувате дека тоа ви прави притисок терајќи ве да се запрашате како да се ослободите од нив? Пробајте го овој ефективен пилинг со сода и сол кои ќе го исчистат вашето лице, а павлаката/јогуртот и овесот ќе го нахранат и ќе овозможат кожата да биде чиста, мазна и нежна. Состојките ги имате секојдневно во кујната, а трикот и умешноста како да ги искористите, може да ги прочитате тука.

Природен пилинг за лице од шеќер и мед

За да го направите овој пилинг доволни ви се една мала лажичка мед и една мала лажичка шеќер. А постапката за нанесување и времето за делување прочитајте ги тука.

Пилинг од кафе против целулит и сува кожа

Целулитот, или како што уште се нарекува „портокалова кожа“ е вечен непријател на голем број жени. Приближно 90% од жените страдаат од целулит, а најголем број од нив започнуваат да преземаат активни мерки со приближувањето на летните денови. Пилингот од кафе лесно се прави, и ѝ помага на кожата да го врати сјајот и да ја намали отеченоста. Може да го користите за тело или да ја освежите кожата на лицето, а најдобро од сè, е што е воопшто не скап. А постапката за нанесување и времето за делување прочитајте ги тука.

Ви предлагаме да прочитате: 5 домашни маски за лице со мед за брзо освежување на лицето.

Сподели: