3 здравствени причини и 2 совети зошто е важна водата при бременост

3 здравствени причини и 2 совети зошто е важна водата при бременост

Голем број млади девојки кои стануваат мајки не ги знаат овие основни и многу важни информации кои се витални за добро здравје при бременост како на трудницата, така и на плодот, па ви презентираме на кратко колку важна улога има водата за време на сите месеци. Прочитајте ги нашите совети и споделете со своите пријатели, да го зачуваме здравјето на мајките и идните поколенија.

Здравствени причини заради кои мора да се пие доволно вода при бременост

Превенција на уринарни инфекции

Водата е потребна за превенција на уринарните инфекции кои се чести во текот на бременоста, затоа што бебето во матката налегнува врз мочниот меур, па поради тоа може да дојде до задржување на одредена количина на урина во него. За да може мочниот меур да се ослободува од бактериите, мора почесто да се празни, а тоа е можно само ако трудницата внесува доволно течности. На тој начин ќе се намали ризикот од инфекции.

Спречува опстипација

За време на периодот на бременост, водата е значајна поради уште една важна причина, односно заради тоа што спречува опстипација, со што се превенира и појавата на хемороиди.

Спречува предвремено породување

Хормоните во текот на бременоста ја „задржуваат“ водата, што се спречува ако бремената пие доволна количина на вода. Пред пораѓањето, телото го произведува хормонот питоцин, кој е многу сличен на хормонот кој се создава кога организмот е дехидриран. Доколку дојде до дехидратација во текот на бременоста, може да дојде до погрешно регистрирање од телото, како да е присутен питоцинот, што може да доведе до контракција на матката. Доколку идната мајка, пие доволно вода, ваквата состојба ќе биде превенирана. Ова е посебно важно во третото тримесечие од бременоста (последните 3 месеци), кога дехидрацијата може да доведе до предвремено пораѓање (поради зголемените контракции). А, со оглед на тоа што волуменот на крвта во осмиот месец од бременоста се зголемува дури двојно, неопходно е  да се пие многу вода за тоа да се компензира.

3 здравствени причини и 2 совети зошто е важна водата при бременост

Совети за избор на вода при бременост

Дали се препорачува природна минерална вода?

Природната минерална вода не подлежи на исклучително строги стандарди во врска со одредени состојки во нејзиниот состав. Минералната вода може да има поголеми количини на натриум, флуор, сулфур и сл., а доколку содржи доста високи количини на натриум не се препорачува честа консумација бидејќи тоа не е пожелно за функцијата на бубрезите и кардиоваскуларниот систем, така што се препорачува избегнување на честа и количинска консумација на газирана вода.

Некои трудници консумираат газирана вода бидејќи им ја намалува мачнината. На идните мајки им е потребно 30 %  повеќе калциум и 40 % повеќе магнезиум од останатите жени. За да се задоволат тие зголемени потреби, освен храната која ги содржи овие минерали, трудниците може да користат и минерална вода  кој има најоптимален однос на калциум и магнезиум. Најдобри се олигоминералните води –  кои имаат умерена количина на минерали, а калциумот и магнезиумот се во однос 20-50 милиграми по литар и 50-150 милиграми по литар, со помалку од 10 милиграми по литар натриум и да не содржат нитрати.

Каква вода е најдобро да се пие на патувања?

За време на патувања, најдобро е да користи амбалажирана вода. Треба да избегнува вода од  водоводна мрежа, бидејќи во некои подрачја може да содржи бактерии или паразити, кои може да доведат до т.н. патничка диареја.

Сподели: