3 зеленчуци за уништување на целулитот 1

3 зеленчуци за уништување на целулитот

Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за создавање и зајакнување на сврзното ткиво. Кога во исхраната има застапено доволна количина на зеленчук, секако со намален внес на јаглени хидрати (посебно кога станува збор за прости јаглени хидрати) и надополнето со поголем или доволен внес на протеини и вода, во голема мера му помагаме на организмот во процесот на уништување на целулитот.

Погоре наведените препораки помагаат во нормализирање на нивото на естроген во крвта и регулирање на шеќерот во крвта, кои исто така се важни фактори во борбата против целулитот.

Она што не смеете да заборавите дека ослободувањето од целулитот, како и од непосакуваните килограми, можете да го постигнете само ако направите долготрајна промена на навиките во исхраната.

3 зеленчуци за уништување на целулитот 2

Зошто е битен зеленчукот и како помага за уништување на целулитот?

Поголем број свежи зеленчуци содржат поголема количина на витамин Ц во споредба со одредени овошја, а бидејќи овој витамин има главна улога за создавање и зајакнување на сврзното ткиво, најдоброто што можете да го направите е секојдневно да си сервирате богата порција со свеж зеленчук. Посебно богати витамински „бомби“ со витамин Ц се: свеж спанаќ, црвена пиперка, брокули, прокељ, кељ и магдонос.

За зајакнување на сврзното твкиво придонесуваат и одредени аминокиселини и селен, кои се среќаваат во повеќе зеленчуци, а калиумот помага против задржување на течности и штетни материи во ткивата. Посебно богати со калиум се: слаткиот компир (батат), доматите, карфиолот и аспарагусот.

Скоро секој зеленчук и овошје придонесува во борба против целулитот, а најефикасни се:

  • Сладок компир (батат) –Тој е една од најздравите и најхранливите намирници. Содржи калиум, витамини Ц и Е, и бета каротен. Претставува одличен антиоксиданс и број еден зеленчук за подобрување на циркулацијата и елиминирање на токсините, кои се клучни за отстранување на целулитот. Повеќе за слаткиот компир можете да прочитате тука.
  • Брокула – Брокулата е одличен борец против целулитот од повеќе причини. Прво, содржи алфа липоична киселина која помага против стврднување на колагенот. Второ, таа е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на растителни влакна. Трето, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум, кој е борец против целулитот. Повеќе за најзините здравствени придобивки ќе најдете тука.
  • Прокељ – Мали и згодни, одлични против целулитот. Прокељот како и другите зелени листати зеленчуци, преку трансформација на одредени составни материи од неговиот состав во организмот, му помага на црниот дроб да го блокира производството на непотребен естроген и да ги отстрани штетните супстанции кои доведуваат до оштетување и губиток на квалитетот  на колагенот. Повеќе за здравствените придобивки прочитајте тука.

И не заборавајте! Кога го динстате зеленчукот, тоа нека биде на тивка температура, со што помалку вода или на пареа, така ќе зачувате што повеќе корисни материи. За крај, не заборавајте освен здрава храна, да пиете доволно вода и да имате редовна физичка активност.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен крем против целулит.

Сподели: