3 лесни рецепти за ориз и пилешко месо 1

3 лесни рецепти за ориз и пилешко месо

Оризот е многу често застапена намирница на македонските трпези, а и многу обожавана. Знаејќи го тоа, со радост ви припремивме супер комбинации во повеќе рецепти за ориз и пилешко месо.

Лесни се за подготовка и многу вкусни за јадење. Разгледајте, изберете и не се двоумете да ги направите, испробани се од нас!

3 лесни рецепти за ориз и пилешко месо 2

Рижото со пилешко месо и зеленчук

Вкусен ручек за целото семејство! Ако сте љубител на лесни, брзи и едноставни рецепти, морате да го пробате рецептот за рижото со пилешко месо и зеленчук кој ви го предлагаме директно од нашата кујна. Ова јадење не содржи глутен и е погодно за сите кои практикуваат здрава исхрана, па не чекајте долго да го пробате.  Еве го рецептот.

Ориз со пилешко, печурки и сос од брокула

Ова е право гурманско јадење коe секој ќе посака да го проба. Наместо класичната тава од ориз со пилешко, ви предлагаме да го пробате овој рецепт, кој сигурно ќе ви се допадне. Одлична комбинацијата на ориз со пилешко и печурки, дополнета со вкусен сос од брокула ни ја испрати Катерина, а ние и се заблагодаруваме за тоа. Кликнете тука да го погледнете рецептот.

Солена торта од ориз и пилешко

Уште едно одлично јадење кое е предлог од инспиративната Кате. За оваа солена торта од ориз и пилешко таа избра посебен состав на намирници и креира превкусен специјалитет. Ви предлагаме да го пробате што поскоро, а еве го рецептот!

Ви препорачуваме да прочитате: Лесен оброк – задушен ориз со тиквички и кора од лимон.

Сподели: