3 намирници кои е добро да се јадат во есен 1

3 намирници кои е добро да се јадат во есен

Есента е прекрасен период на топли бои, убави идилични слики по улиците и прекрасни овошја и зеленчуци на пазарите! А, во овие денови за уживање, добро е да знаеме што има во изобилство , сезонски вкуснотии и намирници кои е добро да се јадат во есен.

3 намирници кои е добро да ги јадат во есен 2

Грозје

Грозјето може да се консумира на повеќе начини – свежо, како џем, сок, вино или суво грозје. Ова популарно овошје се одгледувало речиси пред 8000 години, кога за прв пат било култивирано во Средниот Исток. Можеби ќе ве изненади фактот дека грозјето припаѓа во групата на бобичесто овошје како боровинките, капините и аронијата. Секоја година, низ светот се произведуваат 72 милиони тони грозје, а повеќето од таа количина се користи за производство на вино.

Здравствените придобивки од консумацијата на грозје се многубројни, а истражувањата ги потврдуваат неговите лековити својства во превенцијата од канцер, срцеви заболувања, висок крвен притисок и констипација (запек).

Во 100 грама грозје има приближно 70 калории, 1 грам растителни влакна, 1 грам протеини, па може да се каже дека е одлична храна која не треба да се двоумите за да ја консумирате! Притоа, препорачливо е да се јаде целото зрно, вклучително со обвивката и семката која е во него, бидејќи на тој начин се подобрува варењето на храната. Семките се богати со линолна киселина која е корисна за кожата и помага против воспаленија, сува кожа, алергии, а исто така помага против болки во зглобовите.

Лесно сварливите шеќери кои ги содржат зрната грозје во голема мера се одговорни за поттикнување на метаболизмот и полесно отстранување на токсичните материи од организмот, а со тоа помагаат при опстипација.

Тиква

Тиквата во исхраната на луѓето се користи многу одамна. Се смета дека потекнува од Северна Америка, а археолошките истражувања укажуваат дека тиквата се употребувала уште пред 5000 години.

Ова е идеално време да купите тиква и да испробате разни есенски специјалитети. Овој зеленчук е преполн со бета-каротени, кои го зајакнуваат имунитетот од сезонски настинки и го штити организмот од влијанието на слободните радикали.

Тиквата е нискокалоричен зеленчук, кој во 100 грама има само 26 калории, а не содржи холестерол и заситени масни киселини. Тоа ја прави одлична храна која често пати ја препорачуваат нутриционистите кај лица кои што имаат покачен холестерол или пак за сите кои што сакаат да ја намалат својата телесна тежина.

Од витамините, тиквата богата е со витаминот А, а од антиоксидантите содржи: леутин, ксантин и каротеноиди. Доколку изедете 100 грама на тиква, вие ќе задоволите 246% од дневните потреби на организмот со витамин А. Витаминот А е природен антиоксиданс кој е потребен за правилна функција на мембраната на клетките и одржување на добар вид. Најновите истражувања покажале дека храната која е богата со витаминот А превенира појава на канцер на усната празнина и белите дробови.

Од витамините од групата Б, тиквата содржи фолати, ниацин, рибофлавин, тиамин и пантотенска киселина. Минерали кои што се среќаваат во поголеми количини се бакар, калциум, калиум и фосфор.

Дуња

Дуњата е овошје кое било обожавано од старите Грци, бидејќи според грчката митологија дуњата симболизира љубов и среќа. Тие имале и посебен начин на подготовка. Измиената дуња ја чистеле од внатрешниот средишен дел и ја издлабувале, по што ја полнеле со мед и ја печеле.

Французите ја знаат дуњата веќе поголем број на столетија и уште од самиот почеток умешно ја користеле како за исхрана, така и за козметички и медицински намениРимјаните пак, ја користеле за добивање на етерични масла кои се основен ресурс за производство во парфимериите.

Енергетска и нутритивна вредност на дуња

Дуњата може да се консумира во свежа состојба или пак од неа да се приготвуваат различни десерти, компоти, сокови, слатко или мармалади. Како овошје се одликува со следните карактеристики:

  • Во 100 грама дуња има само60 калории.
  • Богата е со растителни влакна, а е добар извор на железокалиум и бакар.
  • Содржи многу танински материи.
  • Дуњата е богат извор на витамин Ц, а доколку изедете 100 грама дуња ќе задоволите 25% од дневните потреби на организмот за овој витамин.
  • Содржи пектин, заради кој од неа се приготвува вкусен мармалад и желе.
  • Во својот состав има и бета каротен, масла и други слузави материи.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 есенски декорации кои ќе го разубават домот.

Сподели: