топење на масни наслаги 1

3 пијалаци кои топат масни наслаги на стомакот

Познато е дека газираните и алкохолните пијалаци ни најмалку не се добри за обемот на струкот. Покрај редовната физичка активност, треба да се посвети внимание на изборот на храна и пијалаци кои помагаат за намалување на наталожените масни наслаги на стомакот и постигнување на посакуваниот изглед.

Секој од нас е доволно свесен дека дебелината претставува ризик по здравјето. Но, дали знаете дека вишокот масни наслаги во стомакот е дополнителен проблем? Најдобрите безалкохолни пијалаци, кои се здрави и ефикасно помагаaт при топењето на масните наслаги на стомакот се следните:

Вода со ѓумбир и лимон

Кога се обидувате да се ослободите од вишокот на килограми многу е важно вашиот организам да биди хидриран. Консумирањето на поголеми количини вода му помага на телото да го одржи балансот на течности и да го спречи задржувањето на течности во организмот (што е една од најголемите причини за појава на „подуен стомак“). Покрај тоа, таа помага да се чувствувате сити, а ако не ви се допаѓа идејата постојано да консумирате обична вода, ви предлагаме во неа да додадете рендан ѓумбир, зачинско растение (нане или босилек), цитрусно овошје – лимон, портокал, грејпфут, зелен лимон и други ниско калорични и природни засилувачи на вкусот, како штом е на пример тенко исечена краставица.

топење на масни наслаги

Ладен чај од нане

Ладниот чај од нане е одлично освежување во текот на жешките летни денови, но истовремено е и супер ефикасен пијалак кој помага да имате рамен стомак. Нането му помага на вашиот желудник побрзо и поефикасно да ја вари масната храна и спречува надуеност.

Зелен чај

Покрај намалувањетио на ризикот од рак и срцеви заболувања, зелениот чај е корисен за целиот организам и содржи антиоксиданси за кои истражувањата покажуваат дека помагаат во намалувањето на масните наслаги околу стомакот. Ако пиете зелен чај пред вежбање, добро е да знаете дека антиоксидансите го зголемуваат согорувањето на мастите за време на аеробните вежби како што е возење на велосипед, лента за трчање итн.

Сподели: