семки од тиква 1

3 причини да јадете семки од тиква

Ако често имате потреба да грицнете нешто здраво, изберете семки од тиква. Изобилството од магнезиум, манган, бакар, протеини и цинк, ги прават семките од тиква хранливи грицки во мало пакување. А бидејќи нема потреба да се чуваат во фрижидер, семките од тиква претставуваат одлична ужина која можете да се понесете насекаде со вас.

Семките од тиква во исхраната на луѓето се користеле повеќе од 3000 години. А еве 3 причини кои ќе ве поттикнат почесто да изберете семки од тиква, наместо чипс.

Семките од тиква го намалуваат холестеролот и го чуваат здравјето на срцето

Јаткастите плодови и семките од тиква, природно се богати со различни состојки кои имаат позитивно влијание врз здравјето, а се познати како фитостероли или фитохемикалии. Она што е значајно за нив и е утврдено од повеќе различни извори поткрепени со научни истражувања е дека овие фитостероли во голема мера придонесуваат во редукција (намалување) на ЛДЛ холестеролот или т.н лош холестерол за 13%, а истовремено го намалуваат вкупниот холестерол за 10%. Според тоа лесно може да се заклучи дека семките од тиква превенираат појава на срцев и мозочен удар, а истовремено помагаат во зачувувањето на здравјето на срцето. Важно е да се внимава при купувањето на печените семки, затоа што се доста солени, а со тоа негативно влијаат врз крвниот притисок. Затоа јадете умерено или изберете лупени и помалку солени семки од тиква.

семки од тиква

За силен имунитет грицкајте семки од тиква  

Малите зелени семки од тиква се богати е со магнезиум и цинк, кои се значајни за зајакнување на имунитетот и за намалување на симптомите на дијабетес. Одлични се диуретици, така да се препорачуваат во случај на заболување на урогениталните органи. Во народната медицина, семките од тиква се користат против цревни паразити.

Семките од тиква го подобруваат расположението и го намалуваат стресот

Семките од тиква се богати со амино киселината триптофан. Оваа аминокиселина ја стимулира продукцијата (лачењето) на серотонинот, кој е познат како хормон на среќата и претставува главна материја која е одговорна за нашето расположение според научните истражувања. Интересно е што експерите потврдуваат дека прејадување со преголема количина на триптофан делува приспивно. За да го подобрите расположението, намалите стресот и анксиозноста, доволно ви е да изедете една полна рака со семки од тиква.

Сподели: