3 проверени рецепти за посни намази 1

3 проверени рецепти за посни намази

Предлог од нашите пријателки, а исто така проверени и испробани и од нас! Ве уверуваме, ќе уживате во вкусот. Овие посни намази се полн погодок за почеток на денот!

Може да ве интересира: Брз посен сос – макало.

3 проверени рецепти за посни намази 2

Посен намаз од кикиритки и семиња

Штом ја погледнавме фотографијата почувствувавме дека е неодоливо вкусно и здраво, а откако ги прочитавме состојките се уверивме дека е така! Кате ни предложи фантастичен рецепт за посен намаз од кикиритки и семиња, едноставно одличен е!

Може да го јадат сите, деца и возрасни, оние кои постат или преферираат вегетаријанска храна, сите кои обожаваат семиња… Сите кои го обожаваат мирисот на домашно подготвените нешта со љубов. „А, во деновите кога се пости без масло, слободно изоставете го маслиновото масло, и така е вкусен.“ – ни кажа Кате. А, рецептот го имате тука на линков.

Посен намаз од леќа

Многу е вкусен и долго ќе ве држи сити. Само неколку состојки и готов е. Сосема едноставно и брзо! Ако готвите поголема количина на леќа, можеби за чорба или за вариво, следниот пат обавезно издвојте една шолја и пробајте го намазот кој подоцна постојано ќе сакате да го јадете. Кликнете тука за да го прочитате рецептот.

Едноставен посен намаз од печурки и грав

На предлог на нашата пријателка Диана, ни доаѓа уште еден фантастичен рецепт за посен намаз од печурки и грав. Она што многу ни се допадна е тоа што за неговата подготовка потребни се неколку состојки, а целиот процес на припрема е многу едноставен.

За време на пости, кои целосно се исклучени протеините од животинско потекло, потребно е истите да ги замените со храната која е дозволена да се јаде. Неколку намирници кои се посни, а богати со протеини се: наут, леќа, грав, печурки, грашок, а од поновите храни може да ги споменеме киноа, амарант, просо, семиња и јатки. Па, поаѓајќи од ова, Диана го креира овој рецепт и истиот може да го прочитате тука.

Кој и да го пробате, нема да згрешите, а ако имате ваш испробан рецепт, испратете ни го на info@sezahrana.mk

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави и испробани рецепти за посни намази.

Сподели: