3 третмани за помалку видливи пори на лицето

Домашните маски кои се наменети за прочистување на порите се само еден дел од негата која помага да се подобри изгледот на вашата кожа. Големите пори на лицето изгледаат непривлечно, но тие се видлив доказ дека кожата не е здрава и не добива хранливи материи колку што се и потребни.

Порите на лицето се составен дел од структурата на кожата и се неопходни за нејзината оптимална функција. Тие претставуваат отвори за мрсната супстанца – себум, која ја подмачкува кожата и ја штити нејзината површина. Проблемот се зголемува кога порите започнуваат абнормално да растат, а со тоа му даваат на лицето неатрактивен изглед. Зголемувањето на порите најчесто се среќава кај адолесцентите, а жените се поподложни на појава на големи пори, како резултат промените на хормоните.

Некои од најчестите домашни лекови кои се користат ширум светот, а помагаат за намалување на проблемот со големите пори се топлата вода, мразот, јајцата и лимоните.

пори на лице

Топлата вода ги чисти порите

Во длабок сад ставете врела вода , а потоа лицето поставете го над садот. Бидете во оваа позиција 20 до 30 секунди. Постапката повторете ја 3 до 5 пати во една сесија. Во текот на неделата се препорачува да правите две до три сесии.  Пареата го чисти насобраниот себум во порите, по што се затворат и намалуваат.

Третман со мраз за намалување на големите пори

Ладниот ефект на мразот може да се користи за да се намали големината на порите, затоа што ниските температури предизвикуваат затворање на истите. Земете коцка мраз и нежно поминете врз кожата на лицето за време од 20 до 30 секунди. Постапката повторете ја уште еднаш за најдобри резултати.

Направете маска од лимон и јајце 

Маската од лимон и јајце исто така е корисна за намалување на големината на порите. Жолчката издвојте ја од белката. Белката ставете ја во сад и додајте една мала лажичка свеж сок од лимон. Маската изматете ја со виљушка и нанесете ја врз лицето. Оставете ја да делува за време од 15 минути. Потоа, измијте ја со млака вода. Со оваа маска се постигнува природно затегнување на кожата, а се намалуваат и порите. За најдобри резултати, маската користете ја 2 пати во текот на неделата.

Совет плус: Доколку имате посериозен проблем со порите на кожата, акни и слично, најдобро е да се консултирате со стручно лице.

Сподели: