3 третмани кои се природен лек за сува кожа 1

3 третмани кои се природен лек за сува кожа

Барате природен лек за сува кожа? Да не ве чини богатство како разни козметички препарати, а да биде ефективен?! Еве три!

Може да се каже дека се води „борба“ дали е потешко да се одржува масна или сува кожа. Велат, масната кожа старее побавно, додека сувата на лик изгледа подобро. Во било кој случај и да е, треба соодветно да се делува. Како може природно да ја освежите сувата кожа? Еве како.

3 третмани кои се природен лек за сува кожа 2

Третман со млечна купка за кожата

Повремено направете млечна купка за кожата. Лактозната киселина во млекото ги чисти мртвите клетки на кожата и и помага да лачи доволно маснотии. Натопете чиста газа во ладно млеко и ставете ја на кожата која е сува и иритирана. Оставете млекото да делува барем 5 минути. Кога ќе се миете, немојте да го триете лицето.

Третман со млака купка со горка сол

За да ги омекнете многу исушените делови од кожата, направете купка од млака вода и две шолји горка сол, па со течноста намачкајте ги сувите делови. Додека кожата есеуште влажна, може да направите благ пилинг со малку горка сол, па ефектот ќе биде уште подобар. Ако успеете да најдете и морски алги, ефектот ќе биде извонреден.

Природен третман со алое вера

Гел на база на алое вера може да ви ја омекне кожата скоро веднаш, а најдобра опција е да скинете ливчле од алое, да го истиснете сокот со прстите и со помош на нежна масажа да ги истретирате местата кои се суви.

Дополнително може да преземете уште нешто:

  • Ако користите сапуни на база на дезодоранси, престанете. Тие дополнително ја сушат кожата.
  • Никогаш не се туширајте предолго, или не подолго од 15 минути.
  • Најмалку 2 пати неделно јадете риба богата со омега 3 масни киселини.
  • Земајте препорачана доза на Б комплекс витамини, цинк и бета – каротен.

Ви препорачуваме да прочитате: Маски и купка од овес – решенија за сува кожа.

Сподели: