4 испробани рецепти за мазник со различни филови 1

4 испробани рецепти за мазник со различни филови

Домашно си е домашно, а и највкусно! Постапката за припрема на мазник во различните краеви на Македонија е слична, а филот може да биде од сирење, урда, спанаќ, праз или мелено месо по желба.  Во овој текст ќе  најдете различни рецептиза мазник и различни филови за инспирација, погледнете ги!

Во разни краеви е познат различно, а најчесто го слушаме како мазник, вртена пита, во тетовскиот крај го нарекуваат колпите, а можеби се нарекува и со друго име, кое не го знаеме.  Превкусен е, посебно со чаша јогурт, со домашна домата, може и во комбинација со кисело млеко, а најомилен во Јануари кога се прави специјален Василичарски мазник со скриена паричка во корите.

4 испробани рецепти за мазник со различни филови 2

Мазник – традиционална тегната пита

Оваа превкусна традиционална тегната пита од тесто, понекогаш некои домаќинки ја прават и со сукање. Секој кој прави мазник, внимава корите да се убави и тенки како лист, за да биде што повкусени што посимпатичен, ете затоа секој го одбира својот најлесен начин за подготовка на мазник, зависно од својата умешност и вештина. Нашиот рецепт може да го прочитате на линков.

Мазник – вртена пита со мелено месо

Во овој случај со вас го споделуваме одличниот рецепт за вртена пита со мелено месо на Катерина, кој мора да признаеме изгледа фантастично вкусно. За да може да ја видите фотографијата и деталниот опис на рецептот, кликнете тука.

Рецепт за домашен мазник со сирење

А највкусниот мазник со сирење го правеше нашата тетка Вера, која ни го прераскажа рецептот. Овој домашен рецепт за мазник со сирење е повеќе пати испробан во нашата кујна, а одличен за збогатување на трпезата за време на куќни слави, имендени или други свечености. Редовно е на нашата листа на омилени рецепти кои ги приготвуваме секогаш кога ни се каснува нешто месено и вкусни. Не двоумете се и пробајте го уште денес, еве го рецептот.

Пица мазник

Бидејќи на многумина пицата им е омилена, решивме да направиме една интересна комбинација и во нашата кујна приготвивме пица мазник. Сигурни сме дека ќе биде вашиот омилен мазник и топло ви препорачуваме да го пробате. Топол или ладен, има одличен вкус, па повелете рецептот.

Ви препорачуваме да прочитате: Мазник од готови кори со фил од модар патлиџан.

Сподели: