отстранување на дамки од масло

4 начини за отстранување на дамки од масло

Пробајте ги следните неколку начини за отстранување на дамки од масло кои останале на вашата облека и заборавете на тврдокорните проблеми. На евтин начин и со средства од домаќинството, можете многу лесно да стигнете до практични резултати и ефект на чиста облека.

Воопшто не е необично, а доста често се случува за време на готвењето некоја капка масло да „стигне“ до вашата облека. Што треба да направите?  Најпрво треба да знаете дека стојаните дамки од масло реагираат поинаку на детергентите кои секојдневно се употребуваат за перење на облеката.

Отстранување на дамки со топла вода и средство за чистење

Доколку ви се случи да се прснете или накапите со маслиново, сончогледово или масло од косос дојде во контакт со вашата облека, најдобро е дамката да ја елиминирате веднаш со помош на топла вода и одреден производ за чистење.

Отстранување на дамки со кујнска хартија или тоалетна хартија

Мрснотијата може да ја соберете веднаш со кујнска или тоалетна хартија, а најдобро е таа да биде бела, бидејќи може да се случи нејзината боја да се пренесе врз облеката.

Во случај да не сте успеале овие совети да ги примените веднаш, следните методи можат да ви помогнат во отстранувањето на дамките неколку часа подоцна откако настанале.

отстранување на дамки од масло

Отстранување на дамки со сода бикарбона или пченкарен скроб

Врз дамката нанесе сода бикарбона може да користите пченкарен скроб. Оставете ја содата да делува околу еден час. Како што ќе го впива маслото, содата ќе добива поинаква (потемна) боја. Со помош на кредитна или друг пластифициран уред отстранете ја содата од облеката. Кога станува збор за поголема дамка, по отстранувањето на првиот слој сода бикарбона, посипете уште еден слој. Повторувајте ја постапката додека содата не престане да ја менува бојата.

Отстранување на дамки со детергент за миење садови како „пред перење“

Навлажнете ја облеката со вода, а потоа ставете од детергентот. Тријте додека не се појави пена. Пожелно е со помош на стара четкичка за заби да истриете врз детергентот за да може да навлезе што подлабоко во мрснотијата, а доколку дамката е сеуште отпорна ставете малку киселина. Облеката перете ја со што повисока дозволена температура за тој материјал бидејќи тоа придонесува за побрзо отстранување на дамките.

Сподели: