4 бенефити од консумирање на карфиол 1

4 бенефити од консумирање на карфиол

Претходно пишувавме за антиканцерогените својства на карфиолот, но неговата моќ не запира тука.  Неговиот широк спектар на витамини и антивоспалителни својства помагаат за превенција на многу  други нарушувања на здравјето. Здравиот карфиол помага против борба против дијабетес, срцеви заболувања, при проблеми со очите, хормонален дисбаланс, Паркинсонова болест,  Алцхајмер, итн.

Карфиолот е одличен сојузник за целокупното здравје и има многу причини да го јадеме често! Еве неколку од нив.

4 бенефити од консумирање на карфиол 2

Го намалува ризикот од срцеви заболувања и ја подобрува функцијата на мозокот

Хроничните воспаленија се во корелација со зголемениот ризик за срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и невродегенеративни нарушувања како Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Антивоспалителните својства на карфиолот, кои се должат на присуството на витамините  К и Ц, како и разните антиоксиданси и омега-3 масните киселини,  превенираат од наталожување на плак во артериите и крвните садови, намалувајќи ги опасностите од висок крвен притисок и зголемено ниво на холестерол во крвта.

Ги подобрува варењето и детоксикацијата на организмот

Зелкастиот зеленчук го подобрува  варењето и детоксикацијата поради неговата богата понуда на соединенија што содржат сулфур. Овие соединенија, познати како глукозинолати, ја поддржуваат соодветната апсорпција на хранливи материи и отстранувањето на токсините од телото.

Помага за балансирање на хормоните

Исхраната богата со зеленчук  како што е карфиолот помага да се балансираат хормоните. Лошата исхрана и нездравиот животен стил доведуваат до дисбаланс на хормоналниот статус. Прекумерната консумација на преработена храна како соја, животински производи, квасец и рафинирано масло може да доведат до нездраво ниво на естроген во телото. Премногу естроген во крвотокот е поврзан со здравствени проблеми како хипотиреоидизам, автоимуни заболувања, хроничен замор и рак на јајници.  Затоа, сакаме да го истакнеме значењето на секојдневното консумирање на овошје и зеленчук, меѓу кои е и карфиолот.

Го зајакнува здравјето на очите

Се покажало дека сулфорафенот пронајден во карфиолот ги заштитува ранливите ткива на ретината од оксидативен стрес. Ова е важно бидејќи истиот може да резултира со слепило, катаракта, макуларна дегенерација и многу други заболувања.

Ви препорачуваме да прочитате: Како правилно да замрзнете карфиол.

Сподели: