4 корисни употреби на лушпи од јајца

Дали и вие откако ќе ги искористите, веднаш ја фрлате скршените лушпи од јајца? Лушпата е одличен извор на калциум, а исто така и други минерали и како таква можете да ја искористите на многу начини, а во продолжение може да прочитате кои се тие.

лушпи од јајца

Прва помош при исекотини

Доколку сте се исекле за време на готвењето или поради друга причина, скршете јајце и од лушпата отстранете ја белата провидна мембрана, а потоа ставете ја врз болното место и за крато време крварењето ќе престане. Исто така, можете да ја искористите при жулеви на нозете или да ублажите иритирачко чешање на кожата.

Нахранете ги кокошките 

Знаеме дека звучи необично и чудно, но всушност лушпата од јајце е најдобар извор на калциум кој можете да му го дадете на кокошките. Иситнете ги лушпите и помешајте ги со храната која веќе има ја давате.

Избркајте ги инсектите и полжавите од бавчата

Со искршените лушпи прекријте ја земјата околу зеленчукот во бавчата. Полжавите и останатите штетници нема да им приоѓаат, а исто така можете да додадете и во вештачкото ѓубриво со кое обично ги прихранувате растенијата. На овој начин ќе им го обезбедите потребниот калциум за раст и развој.

Подобрете го дејството на козметичките препарати

За да ги зајакнете ноктите, во лакот додадете малку прав кој претходно сте го направиле од печени и иситнети лушпи. Исто така, вака подготвениот прав можете да го користите како додаток во кремот за раце и кожата ќе ви биде уште понежна.

Сподели: