4 лесно достапни намирници против рак 1

4 лесно достапни намирници против рак

Бидејќи научниците сметаат дека дури 60% исхраната е одговорна за спречување и превенција од канцерогените промени на клетките, па ги издвојуваме следните  намирници против рак, како најефективни во своето позитивно влијание за зачувување на здравјето и најлесно достапни на нашите простори.

Екстрактот од домат, а посебно ликопенот во неговиот состав се корисни за заштита од рак

Според  насоките од истражувачите, третманот со екстракт од домати влијаел негативно на клеточните процеси на малигните клетки, блокирајќи ја способноста на тие клетки да мигрираат. На овај начин, се прекинувал нормалниот клеточен циклус на малините клетки, што на крај резултирал со нивна смрт.

4 лесно достапни намирници против рак 2

Масните киселини од ленено масло и лененото семе

Лененото семе се користи во многу рецепти на традиционалната медицина и се препорачува да се вклучи во исхраната кај пациентите болни од рак. Денес, за среќа ни е достапно и во вид на 100% масло од лен, кое лесно може да се вклопи во исхраната. Има малку појак вкус, па се препорачува да се пие наутро и на гладно, по 1 лажица ленено масло со околу 50 мл природен сок. Благодарение на комбинација од витамини, минерали и големата количина на омега 3 масни киселини кои ги содржи, ленот има многу поволно влијание врз целокупното здравје на организмот.

Антиоксидансите ја прават брокулата моќен борец против ракот

Високата нутритивна вредност се должи на големата застапеност на антиканцерогени материи, односно антиоксиданси кои претставуваат моќен борец со слободните радикали, кои се главните причинители на сите малигни пореметувања кои настануваат во клетката. Повеќе за темата може да прочитате тука.

Прокељот изобилува со антиоксиданси и превенира појава на канцер

Може да се каже дека прокељот е чувар на здравјето бидејќи во својот состав поседува значајни антиоксиданси како индоли, лутеин, зеаксантин, сулфорафан и исотиоцијанати. Заедно, овие фито состојки се борат и превенираат од појава на канцер на простата, дебелото црево и матката. Исто така прокељот содржи синигрин, состојка за која истражувачите претпоставуваат дека ги уништува пред канцерогените клетки и штити појава од рак на дебелото црево.

Зеаксантинот е значајна состојка која ги штити очите од штетните УВ зраци, со што превенира оштетување на ретината и појава на катаракта кај повозрасните лица.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници за превенција на рак.

Сподели: