најдоброто од магдоносот 1

4 начини да го извлечете најдоброто од магдоносот и да го подобрите вкусот и изгледот на јадењата

Дали знаете што се персилада и гремолада? Претпоставуваме дека како на многумина тоа ви се нови поими. Ова е одлична можност да дознаеме повеќе за нив, како интересни опции со магдонос. Во секој случај, ако го искомбинирате магдоносот со соодветни состојки, вашите јадења ќе бидат ненадминливо добри! Ви откриваме неколку трикови!

Супата без магдонос во нашите краеви е едноставно незамислива. Тој е еден од омилените и помеѓу најзастапените зачини во медитеранската исхрана, затоа што му дава богат вкус на другите јадења.

На пазарот постојат две врсти, со рамни и со виткани листови. Магдоносот со рамни листови е со темнозелена боја. Тој е добар за готвење, бидејќи има силна арома и подобро поднесува топлина, а исто така е и повкусен споредено со другиот магдонос. Тој пак, е поинтересен за декорација на јадења и салати.

Може да ве интересира: 7 здравствени придобивки кои ни ги нуди магдоносот

најдоброто од магдоносот 2

Еве неколку совети со чија помош можете да го извлечете најдоброто од магдоносот и да го подобрите вкусот и изгледот на јадењата

Гремолада

Гремолада е позната миланска мешавина од зачини која се состои од нагло пропржени кори од портокал и лимон, и ситно сечкан лук и магдонос. Традиционално, со гремолада се посипува телешка коленица непосредно пред послужување, а може да послужи и како зачин за вариво. Искусните кувари советуваат дека е најдобро да ја додадете гремоладата пред крајот на припремата.

Персилада

Мешавината од ситно сечкани листови од магдонос и лук, која е брзо пропржена, се нарекува персилада. Можете да ја додадете пред крајот на припремата на јадењата. Најдобро одговара со јагнешко печено месо или говедски шницли, пржена риба, пилешко или зеленчук.

Магдонос пржен во длабоко масло

Пржените листови од магдонос во длабоко масло, одлично се сложуваат со морски плодови и месо на скара.

Магдонос за свежина на јадењата и поубава боја

Ако додадете магдонос во сос, салати или млади компири направени со путер, непосредно пред послужување, јадењата ќе имаат поубава боја и свеж вкус.

Совет плус како да го чувате магдоносот

Свежите листови магдонос најдобро е да ги чувате во пластични ќеси во фрижидерот или да го попрскате со вода, па да го замотате во хартиена ќеса. За да остане свеж што подолго, најдобро е сечените краеви во вода.  Сушените листови магдонос, најдобро е да ги чувате во херметички затворен сад, надвор од дофат на светлина и влага.

Ви препорачуваме да прочитате: Најефективен начин да ја одржите свежината на зелените зачини и до една недела.

Сподели: