4 начини да употребите сок од лимон за косата 1

4 начини да употребите сок од лимон за косата

Често пати, за да ја одржиме убавината и здравјето на нашата коса, вложуваме многу напор, инвестираме доста и ставаме на косата разни препарати кои предизвикуваат промени во нејзината структура. А, знаете ли дека можете да направите „омбре“ со сок од лимон за посветли краеви на косата, да ја намалите маснотијата на косата и да и го вратите сјајот?

Точно како што прочитавте, лимон! Тој е клучна намирница во овој зафат.

4 начини да употребите сок од лимон за косата 2

Освен што може да ја осветли косата, лимонот е многу ефикасна намирница за регулирање на мастотијата на косата. Лимонската киселина во лимоновиот сок го отрстранува вишокот на себум од кожата на главата. При тоа, за подобар ефект најефикасно е ако направите мешавина од јаболкова киселина и лимонов сок во еднакви количини. Со оваа течност третирајте го, односно тапкајте го темето на главата околу 10 минути, па исплакнете со млака вода.

Исто така, сокот од лимон е идеален за враќање на сјајот на косата. Разблажен со малку вода се нанесува на косата и по неколку повторувања се забележува промената.

За сјајот на косата да биде подобар, а влакното поздраво, може да направите и домашен спреј од мешавина од лимонов сок, маслиново масло и лажичка регенератор за коса.

Последниве години е многу популарен „омбре“ ефектот на боење на косата. Лимонот е совршен природен начин да го направите сами најпопуларното обојување на косата. Со четкичка за фарбање нанасете го сокот од лимон на краевите кои сакате да ги осветлите. Оставете да стои 15-тина минути и измијте со млака вода. Да напоменеме дека ова е можно само кај нефарбана коса.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете природен спреј за зацврстување на косата.

Сподели: