4 практични употреби на зелениот чај за во корист на убавината и здравјето

Сигурно веќе многу добро знаете дека зелениот чај е еден од најздравите напитоци кои можете да ги консумирате. Неговата редовна употреба го подобрува целокупното здравје и ја прави кожата блескава и здрава. Но, зелениот чај освен за пиење, може да се искористи и на други начини. Во продолжение прочитајте ги 4-те практични употреби на зелениот чај во корист на убавината и здравјето.

За мрсна коса и кожа

Зелениот чај претставува одличен тоник за чистење на сите типови на кожа, но особено е добар за мрсната кожа. Едноставно сварете го и оставете го да се излади и со помош на вата нежно исчистете го лицето.

Ако имате мрсна коса, после миење со шампон преплакнете ја со зелен чај. Притоа, добро измасирајте го во темето на косата. После овој третман вашата коса ќе го добие својот природен сјај и ќе изгледа прекрасно.

Може да ве интересира: Зелениот чај е природен лек за здрава и силна коса.

4 практични употреби на зелениот чај за во корист на убавината и здравјето

За отстранување на шминката од лицето

Зелениот чај е одличен и за чистење на лицето од шминка и нечистотии. Со помош на памучна крпа која претходно сте ја натопиле со ладен зелен чај нежно поминете преку лицето и вратот. Активните состојки кои се наоѓаат во зелениот чај ќе ги симнат остатоците од шминката и вишокот на маснотии од кожата, додека памучната крпа на лицето ќе му направи нежен пилинг. Освен за нега на лицето, може да направите и третман со зелен чај за побрз раст на трепките.

За намалување на темните кругови околу очите

Темните кругови под очите можете да ги намалите многу лесно и едноставно. Ставете врз очите две искористени ќесички од зелен чај. Оставете ги да делуваат десет минути. Оваа постапка  повторувајте ја неколку вечери по ред и резултатите ќе бидат неизбежни.

За чистење на помали рани и гребнатини

Зелениот чај има антисептичко дејство и слободно може да се користи за дезинфекција на помали рани и гребнатини.

Ви предлагаме да прочитате: Зелен чај – на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци.

Сподели: