4 практични употребни на зелениот чај кои вреди да ги знаете

Сигурно веќе многу добро знаете дека зелениот чај е еден од најздравите напитоци кои можете да ги консумирате. Неговата редовна употреба го подобрува целокупното здравје и ја прави кожата блескава и здрава. Меѓутоа, зелениот чај е подеднакво добар и за вашите растенија, домашни миленилиња, а може да биде од огромна помош и во секојдневните куќни обврски. Ви претставуваме 4 практични употреби на зелениот чај кои вреди да ги знаете!

Во продолжение прочитајте за што сѐ може да го искористите зелениот чај и во голема мера да си го олесните вашето секојдневие.

4 практични употребни на зелениот чај кои вреди да ги знаете

Искористете го како прихрана за растенијата

Наредниот пат кога ќе ви остане малку зелен чај наместо да го истурите во мијалникот, искористете го за храна на растенијата. Чајот разредете го со исто толкава количина на вода, а потоа навадете го растението. Важно е да знаете дека за оваа намена, чајот не треба да биде засладен.  Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои ако не се разредат со вода може да имаат негативен ефект на растот на растението.

Зелен чај за одржување на хигиена на домашни миленици

Зелениот чај е одлично средство за чистење на очињата и ушињата на вашите домашни миленици. За таа намена натопете една вата со зелен чај и поминете преку деловите на миленикот кои сакате да ги исчистите.

Со помош на зелен чај исчистете ги прозорците, огледалата и мрсните дамки од сите површини

За оваа намена сварете пет кесички чај во еден литар вода. Откако чајот ќе се излади, намокрете памучна крпа и поминете ги сите валкани површини. Исто така, можете да ја истурете содржината од ќесичка чај по вашиот тепих и да ја оставете да стои 20 минути. Потоа, вклучете ја правосмукалката и исчистете го тепихот. Ливчињата од зелен чај се одлично средство за отстранување на непријатните мириси од мебелот, плакарите, па дури и фрижидерот.

За чистење на WC школка

Ставете неколку кесички зелен чај во WC школката и оставете ги да делуваат околу 20 минути. После тоа пуштете вода која ќе ги однесе сите нечистотии.

Практично, зарем не?

Ви препорачуваме да прочитате: Зелен чај – на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци.

Сподели: