4 препораки како да го искористите најдоброто од лукот за здравјето 1

4 препораки како да го искористите најдоброто од лукот за здравјето

Иако е често користен во секојдневната исхрана и на разни начини, сепак имаме да споделиме со вас неколку препораки како да го искористите најдоброто од лукот, кои се вредни да се прочитаат!

Сите знаеме дека лукот се смета за една од најмоќните намирници на светот кога станува збор за здравјето. Неговите лековити својства се многубројни и силни, а благодарение на нив се користи илијадици години на назад. Помеѓу народот е познат како природен антибиотик, а дека навистина лекува потврдиле и многу истражувачи.

4 препораки како да го искористите најдоброто од лукот за здравјето 2

Во лукот се наоѓаат неколку стотини активни хемиски соединенија, а меѓу нив и неколку антиоксиданси, добро познатите помагачи на организмот кои го намалуваат трошењето и оптеретеноста на клетките.

Лукот своите својства му ги должи на алицинот – моќно соединение кое го „брани“ лукот од напади на бактерии и габи. Но, за најдобро да ги искористите неговите благотворни дејства, треба правилно и често да го консумирате.

Еве неколку препораки:

  1. Пред консумација обавезно згмечете го, со цел да ја поттикнете ензимската реакција во која настанува алицинот.
  2. Ако сакате да го искористите максимумот од лукот за здравјето, препорачливо е да јадете по 3 чешниња лук на ден.
  3. Лукот во прав, сушениот лук, секогаш се корисни, но не колку свежиот. Најдобро е да го консумирате со свежо излупен, во сурова состојба.
  4. Во случај на термичка обработка, тоа нека биде кратко, не повеќе од 10 минути.

Многумина избегнуваат да јадат лук заради неговиот силен мирис. Важно е да знаете дека истиот е последица на материи кои содржат извесна количина на сулфур, а тие се одговорни за лековитоста на лукот.

Проблемот со непријатниот здив после консумација на лук, може да го решите со џвакање на магдонос, зрна кафе или коморач. Еве неколку корисни линкови:

Ви препорачуваме да прочитате: Лук наместо аспирин за силен имунитет во зима.

Сподели: