4 природни масла за нега на различни типови на лице 1

4 природни масла за нега на различни типови на лице

Природните масла можат да ви обезбедат одлична нега на кожата на лицето, а посебно доколку знаете да го изберете вистинското за вашиот тип на кожа. Тоа е така затоа што, различни видови на природни масла за нега се користат за различни типови на кожа.

Во многу култури, природните масла се користеле одамна за нега на кожата, но повеќето луѓе сеуште мислат дека тие се наменети само за одредени типови на кожа, најчесто за сува, што секако не е вистина. Со маслата може да се третираат сите типови на кожа, само треба да го одберете вистинското кое ќе одговара на вашите карактеристики.

4 природни масла за нега на различни типови на лице 2

Масло од чајно дрво против мрсна кожа склона на акни

Ова масло има антивоспалително дејство и затоа се препорачува за нега на кожа која е склона кон акни, кои се резултат на воспаление и иритација на кожата. Исто така, може да се користи и како третман против пигментација и флеки на лицето.

Масло од семки од грозје против мрсна кожа и хиперпигментација

Ова масло го регулира лачењето на масните жлезди кај сите типови на кожа. Поради високиот процент на антиоксиданси и витамин Ц кои ги содржи, ова масло ја враќа бојата на кожата, т.е. спречува хиперпигментација која настанува како резултат на одредени воспаленија.

Масло од шипка против стареење и сува кожа

Ова масло содржи природна форма на ретинол и богато е со витамин А, кој помага во измазнувањето на ситните брчки. Покрај тоа, содржи и антиоксиданси и масни киселини кои не само што ја освежуваат кожата, туку и ја прават мека и нежна на допир.

Масло од чиа против чувствителна и иритирана кожа

Ова масло е богато со омега 3 и омега 6 масните киселини кои го смируваат површинскиот слој на кожата. Исто така, содржи и алфа липоински киселини кои се многу моќни антоксиданси. Нивна главна функција е намалување на порите на лицето, така што тоа изгледа мазно и затегнато.

Совет плус: Кога избирате масло за нега на вашето лице секогаш бирајте ги оние кои се од органско потекло. Можете да  додадете неколку капки од маслото во вашето омилено средство за чистење на лицето или во хидратантен крем, а можете да продолжите да ги користите како и обично.

Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа.

Сподели: