темно црно чоколадо

4 причини да јадете чоколадо секој ден

Нема човек на планетава кој барем еднаш во денот не помислил на чоколадо, или пак не добил желба да изеде една коцка од ова слатко и вкусно задоволство. Чоколадото, уште од минатото бил омилен десерт во светот. 

Но, многумина се одрекуваат од чоколадото, мислејќи дека тоа е нездрава храна. Но, не се сите чоколада исти. Време е да кажете збогум на сите грижи поврзани со вашето омилено слатко задоволство. Еве 4 причини кои ќе ве поттикнат да јадете темно чоколадо секој ден:

  1. Чоколадото е богато со антиоксиданти и цинк. Антиоксидансите го успоруваат процесот на стареење. Цинкот е важен за добар вид, а ги јакне коските, мускулите, косата и ноктите.
  2. Секое парче црно чоколадо е извор на минерали како магнезиум, железо, калиум и калциум. Состојките на чоколадото позитивно делуваат на активноста на мозокот, го зајакнуваат срцето и коските и имаат позитивно влијание на мускулите.
  3. Веќе одамна е познато дека чоколадото го подигнува нашето расположение. Го зголемува нивото на серотонин и го подобрува расположението, ја зголемува енергијата и го намалува стресот.
  4. Покрај тоа, чоколадото е богато со флавоноиди, кои го прават здрава храна за срцето. Но, не само тоа. Флавоноидите се корисни за:
  • контрола на холестеролот
  • намалување на крвниот притисок
  • намалување на ризикот од згрутчување на крвта
  • подобрување на протокот на крв до виталните органи.

На маркетот постојат различни чоколада, црни, млечни, со крем, бели… Од сите нив најздраво е црното чоколадо, затоа што е најмалку обработено и содржи најголем процент на флавоноиди.

чоколадо

Црно чоколадо

Црното чоколадо има најмалку 35% какао, па затоа се нарекува темно. Останатиот дел се какао путер (природна маст од зрната на какао), шеќер, емулгатор (состојка која помага другите состојки да бидат заедно, најчесто лецитин), ванила или други ароми. Понекогаш може да се додаде млеко кое ја омекнува текстурата. Колку е потемно, толку е подобро за здравјето! Секогаш изберете чоколадо со најголема содржина на какао од 70% до 85%.

Обичното црно чоколадо е една од најздравите ужини доколку се консумира умерено. Избегнувајте ги чоколадата со фил, а може да изберете со лешници или сушено овошје. Се препорачува 30 грама темно чоколадо на ден.

Млечно чоколадо

За разлика од темното, млечното чоколадо содржи над 10% какао и 12% суви млечни материи. Содржи повеќе шеќер и масти, па се препорачува да го јадете во ограничени количини.

Бело чоколадо

Тоа се прави од какао путер, а содржи до 55% шеќер, лецитин, ванила и други ароми. Бидејќи содржи многу шеќер ви препорачуваме да ја избегнувате неговата консумација или да го јадете во ограничени количини.

Ви предлагаме да прочитате: Какао за подобро расположение, здравје и убав изглед.

Сподели: