4 проверени рецепти за солени стапчиња - гризини 1

4 проверени рецепти за солени стапчиња – гризини

Кога станува збор за крцкави мезиња и најдобар прилог за друштвено уживање, проверени рецепти за солени стапчиња се секогаш добредојдени. Некои ги нарекуваат солени гризини или грицки, а како и да е, навистина се многу вкусни!

Крцкави солени стапчиња со зачини

Крцкави, домашни и вкусни солени стапчиња со зачини кои ги припремивме во нашата кујна! Сите ги обожаваат, одлични се за забави и родендени, а толку се едноставни и лесни за подготовка. Од наведените состојки ќе добиете поголема количина на зачинети солени стапчиња, кои може да ги замрзнете и да ги користите штом ви се грицка нешто вкусно. Кликнете тука за рецептот.

4 проверени рецепти за солени стапчиња - гризини 2

Солени стапчиња

Рецепт за крцкави, вкусни и декоративни стапчиња кој можеме да го пробаме благодарение на Дијана. Овие солени стапчиња се едноставни за правење и се идеални за било каква пригода. Дополнително, лесно се замрзнуваат и одмрзнуваат. Одлични се за мезе со пријателите и чаша ладно пиво, a еве го рецептот за да можете да си ги направите и вие!

Брзи крцкави гризини со пиво

Одберете ги најдобрите филмски наслови за опуштено попладне и препуштете се на уживањето! Викенд шема или работен ден, не е важно, фантастичниве брзи крцкави гризини со пиво се добар избор за било кој ден! Ако редовно не следите знаете дека се што ни препорачува нашата пријателка Лана од блогот Kuhignica Mignone е иделно вкусно и многу симпатично за очи. Прочитајте го испробаниот рецепт за брзи крцкави гризини со пиво.

Крцкави соленки со вино

Забавата е секогаш подобра ако има нешто да се грицне, да се касне. Ние ги пробавме овие крцкави соленки со вино, многу беа вкусни. Одлично се вклопуваат и како мезе со ладно пиво! Супер се за детски родендени, за ужинка на екскурзии и прошетки, за разноразни поводи. Кликнете тука за рецептот.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни грицки со сончоглед и сусам.

Сподели: