магнезиум семиња

4 семиња за одлично здравје и витка линија

Семињата може да ги најдеме во различни бои, големини и форми. Благодарените на својот нутритивен состав, семињата се сметаат за најдобрата храна. Тие се исклучително богати со витамини и минерали, протеини, есенцијални масла и ензими. Ако сте во потрага по висококвалитетна храна, која ќе го зајакне имунитетот, ќе ви помогне да го намалите вишокот на килограми и холестеролот во крвта, тогаш овие семиња треба да се дел од вашата секојдневна исхрана.

Лененото семе го намалува гладот и го помага варењето на храната

Лененото семе е извор на здрави омега-3 масни киселини, а тоа има позитивно влијание врз когнитивните процеси во мозокот, така што ги подобрува бистрината и менталната прецизност наутро. Доколку го искомбинирате со јогурт или со парче нискомаслено сирење значително го намалува чувството на глад. Покрај тоа, лененото семе е одличен природен лек кој позитивно влијае при дијабетес, менопауза и остеопороза, покачен холестерол и друго. Повеќе за постапката за употреба и препорачаните дози на лененото семе, може да прочитате тука.

магнезиум семиња

Сусамот го забавува стареењето и се бори со лошиот холестерол

Сусамот е одличен извор на бакар, манган, калциум, магнезиум и селен. Се смета дека го намалува стареењето, а маслото кое го содржи го намалува лошиот холестерол, помага при регулирање на крвниот притисок и го намалува ризикот од некои видови на канцер. Сусамовото масло во народната медицина се користи за лечење на болести кои што се поврзани со згрутчување на крвта.

Семките од тиква го зајакнуваат имунитетот

Семките од тиква се богати со магнезиум и цинк, кои се значајни за зајакнување на имунитетот и за ублажување на симптомите на дијабетес. Одлични се диуретици, така да се препорачуваат во случај на заболување на урогениталните органи. Во народната медицина, семките од тиква се користат против цревни паразити.

Семките од сончоглед го чуваат здравјето на коските 

Печените семки од сончоглед претставуваат одличен извор на манган и фосфор, кои имаат голема улога во формирањето и зајакнувањето на коските. Семките од сончоглед се корисни за намалувањето на високиот холестерол, благодарение на линолеична киселина која е помага за намалувањето на наталожениот холестерол од ѕидовите на артериите.

Ви предлагаме да прочитате: Сусам – семе на младоста и борец против лошиот холестерол.

Сподели: