soveti za ubavi i cvrsti nokti 1

4 совети за здрави и цврсти нокти

Украс на убавите раце се негувани и здрави нокти, кои се одраз на здраво тело. Се смета дека жените се грижеле за изгледот на своите нокти уште 5.000 години пред нашата ера, кога Индијките ги декорирале ноктите со к’на, a Кинезите ги украсувале своите нокти со жолчка од јајце, растителни бои и пчелин восок.

Квалитетот и здравиот изглед на ноктите можат да бидат нарушени од ниски температури, различни физички оштетувања, лоша исхрана и недоволно внесување на вода. Тоа може да доведе до суви и кршливи нокти, вертикални и хоризонтални вдлабнувања и испакнувања, промени во бојата. За здравјето на ноктите треба да се внесуваат квалитетни протеини од животинско потекло и витамини од свежото овошје и зеленчук.

совети за убави и цврсти нокти

Имате белите дамки на ноктите? Еве зошто се појавуваат:

Сте забележале бели дамки на ноктите? Белите дамки најчесто укажуваат дека исхраната која ја практикувате не е правилна, а тоа резултира со недостаток на цинк или протеини, кои учествуваат во градбата на ноктите.

Протеините кои се значајни за здравјето на ноктите, може да ги внесете преку следните намирници:

Вашите нокти се кршливи и слаби?

Доколку вашите нокти се слаби и кршливи, тогаш најверојатно имате недостаток од витамини. Суви нокти, двоење, кршливост, хоризонтални и вертикални бразди и(или) конкавен облик на краевите сигнализира на недостиг од железо, цинк, витамините А, Ц и витамините од групата Б. Секогаш при изборот на храна, изберете свежа храна, затоа што преработената храна има помалку витамини.

За здравјето на ноктите, особено се важни витамините од групата Б, како биотинот, кој е особено важен за зацврстувањето и зголемувањето на дебелината на ноктите. Добри извори на биотин се:

Забрзајте го растот на ноктите

Вашите нокти растат многу бавно? И за тоа има решение. Витаминот Е помага при раст на ноктите со подобрување на крвната циркулација во ноктот. Овој витамин може да се најде во следната храна:

Исто така растот на ноктите може да се поттикне со масажа на прстите, пишување на тастатура.

Зацврстете ги меките нокти

Витаминот А позитивно влијае врз цврстината на ноктите кои се слаби и меки. Затоа се препорачува консумирање на следната храна:

  • црн дроб
  • моркови
  • марула, салатка
  • зачини
  • суви кајсии.

Не заборавајте дека здравата храна, освен за цврсти нокти е основа за правилно функционирање на сите органи!

Ви предлагаме да прочитате: Природни лекови против габична инфекција на ноктите.

Сподели: