5 намирници за убава кожа 1

5 намирници за убава кожа

Здравјето и убавината на нашата кожа во голема мера зависи од начинот на исхрана. Затоа, ако и вие како нас, сте љубител на блескава кожа, треба да го прочитате  овој текст. Еве кои 5 намирници за убава кожа ги издвоивме како најлесно достапни помошници во корист на природната убавина!

Секој кој води грижа за својата кожа и вложува труд за да има убав тен, треба да негува и одредени навики на исхрана. Овие намирници ќе ви помогнат и повеќе од што очекувате.

5 намирници за убава кожа 2

Кокосово масло

Тоа е богато со добри масти, а најзастапено е во тајландската и индиската кујна. Може да се консумира во исхранaта, а при тоа го забрзува метаболизмот. Кокосовото масло наоѓа широка примена и во козметиката, кааде што се користи како одличен природен препарат за хидратација на кожата. Тоа влегува во состав на револуционерниот SLC Coffee Body Scrub – пилинг од кафе и оригинална мешавина од природни состојки за домашна нега. Овој пилинг ја враќа еластичноста, ја хидрира кожата, ги отстранува мртвите клетки и нечистотиите, ја помага циркулацијата на крвта, а со тоа и здравиот изглед на кожата. За повеќе информации и нарачки посетете ја онлајн продавницата на Slim Line Club или јавете се на телефонските броеви 078215929 и 02 270 0028.

Бадеми

Бадемите се одличен извор на растителни влакна и протеини. Ако консумирате бадеми или путер направен од нив, ќе му обезбедите на организмот многу здрави состојки. Бадемот содржи доста витамин Е, манган и селен, кои вашата кожа ќе ја направат сјајна и мазна. Исто така, витаминот Е ќе ја заштити вашата кожа од лошото влијание на сончевите зраци.

Чиа семе

Ова зрнесто семе со темна боја е богато со растителни влакна, протеини, фосфор, антиоксиданси и омега 3 масни киселини. Овие корисни масни киселини ги зајакнуваат клетките на кожата и ја штитат од негативното влијание на токсините.

Грозје и вино

Ресвератролот е познат уште како „фонтана на младоста“. Него го има во белото и црвеното грозје, а многу поволно влијае врз здравјето и убавината на кожата. Еве уште една причина за да се почестите со чаша вино.

Чоколадо со висок процент на какао

Чоколадото содржи флавоноиди. Тоа се антиоксиданси кои го успоруваат стареењето и се успешни борци против слободните радикали. Исто така, ја штитат кожата од негативното влијание на сончевите зраци и од стареење, така што делуваат превентивно на појавата на брчки и промена на бојата на кожата. Покрај тоа, додека јадеме чоколадо, мозокот испушта ендорфин кој нам ни го поправа расположението и поволно влијае во организмот.

Ви препорачуваме да прочитате: Убава и здрава кожа – тајната е во водата.

Сподели: