5 начини како да се ослободите од подочници 1

5 начини како да се ослободите од подочници

Подочници се опуштена и отечена кожа под очите заради кои изгледате уморно и постари од што сте. Главните причини за подочниците се нерамномерна распореденост на течностите во периорбиталното ткиво, што ги предизвикува да отекуваат, хормонската нерамнотежа за време на менструалниот циклус, проблеми со бубрезите, воспаление на синусите и преголема количина на токсини во организмот.

Многумина мислат дека подочниците се јавуваат само кај постари луѓе, а вистината е дека може да ги имаат дури и тинејџерите. Ако се соочувате со овој проблем, задолжително прочитајте ги следните 5 начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од подочниците.

5 начини како да се ослободите од подочници 2

Спијте добро

Оптималниот сон ја подобрува циркулацијата на крвта и осигурува одмор кој спречува појава на подочници.

Применувајте мед

Општо е позната неговата лековитост, употреба како маска за лице и супстанција која намалува воспаленија, а познат е и како природно средство за намалување на подочници. Нанесете малку мед околу очите и одете на спиење, а наутро очекувајте очите да изгледаат многу подобро.

Кругови од краставица

Тие се еден однајпопуларните средства за подочници кои се покажале како ефикасни и лесно применливи. Едноставно исечете два кругови од краставица и ставете ги во фрижидер за да станат ладни, па ставете ги на очите и оставете ги да стојат 10-тина минути. Разликата е забележителна скоро веднаш, а очите ќе изгледаат помалку набабрени. Оваа постапка можете да ја повторувате неколку пати во денот.

Кесички од чај прават чудо за очите (посебно црн чај)

Сѐ што треба да направите е кесичките да ги ставите во фрижидер за да се изладат, а потоа ставете ги на очите и лежете со нив најмалку 10 минути. На крај, измијте го лицето. Со овој начин ќе се намали отеченоста на подочниците.

Ви предлагаме да прочитате: Детоксикација на организмот по празниците.

Сподели: