5 причини да јадете жолчки од јајца

Има многу повеќе од 5 причини за да практикувате жолчки од јајца во вашето мени. Јајцата се сметаат за полновредна и корисна храна и доколку ги јадете умерено, или по препораките на докторите тоа е изедено едно јајце на ден, никако не може да биде опасност и закана за вашето здравје, туку само ќе имате корист.

Јајцата благопријатно влијаат на видот и се извор на неопходните протеини потребни за градење на мускулите. Изобилуваат со каротеноиди, состојки кои се насобираат во мрежницата на окото и ја подобруваат селективната филтрација на УВ зраците и светлината. Денес лекарите препорачуваат да јадете по едно јајце дневно. Јајцето е добар сојузник и за бремените жени, а исто така е многу корисно за косата и кожата. Не случајно се скоро секогаш застапена состојка во домашно подготвените маски и средства за прехрана и разубавување на косата и кожата. Ви препорачуваме да прочитате уште многу корисни информации за јајцата, а тоа можете да го направите овде.

5 причини да јадете жолчки од јајца

Жолчката од јајцето ги содржи следните компоненти кои се неопходни за здравјето на организмот и во никој случај не можат да му наштетат:

  • Холин – состојка кој игра важна улога за здравјето на црниот дроб, овозможува подобра меморија и превенција од невролошки нарушувања. Тој ја подобрува издржливоста при напорен тренинг, па дури и може да помогне во спречување на срцеви заболувања.
  • Витамин Б2 или рибофлавин, кој игра важна улога во метаболизмот.
  • Витамин Б12 кој е од суштинско значење за нормално функционирање на мозокот, нервниот систем и крвта. Тој е многу важен за енергија на организмот.
  • Витамин Д кој е од огромно значење за здравјето на коските.
  • Железо – кое е неопходно за енергија, силен имунитет, развој на когнитивните функции и способноста за одржување на температурата на телото.

Сподели: