5 совети за слабеење кои мора да се почитуваат

Дефинитивно секако дека постојат одредени правила кои можете да ги прекршите и да не се изгладувате, а сепак да ги губите вишокот на килограми што ги имате.

Доколку сте сериозни и решени дека мора да направите одредени чекори за да ослабите и да ја добиете вашата идеална линија, ви нудиме 5 совети за слабеење кон кои мора да се придржувате и почитувате, ако сакате да ја постигнете посакуваната цел.

Секогаш појадувајте

Прескокнувањето на појадокот е голема грешка. Утринското уживање во здравата храна ќе го забрза вашиот метаболизам, а тоа е значаен сегмент за намалување на телесната тежина. Изберете појадок кој содржи протеини и растителни влакна, кои ќе ви дадат енергија и ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолго време.

За да ги видите промените, мора да ги направите

За жал, не можете да јадете калорична храна и да очекувате дека ќе ослабите. Со цел да ја промените телесната тежина, ќе мора да донесувате одлуки кои ќе бидат во духот на поздрав начин на живот и исхрана, балансирани оброци и физичка активност. Запомнете дека вие не сте само на диета, туку комплетно ги менувате вашите навики во исхраната.

слабеење

Здравата храна не значи дека може да јадете колку што сакате

Авокадо, банани, сок од портокал, кафеав ориз – овие намирници имаат висока хранлива вредност, добри се за секој, вклучувајќи ги и децата, но тоа не значи дека тие немаат калории. Секако дека многу треба да се внимава со количината што ја сервираме во нашата порција.

Внесените калории не смее да бидат поголеми од потрошените

Губењето на тежината е едноставна математика: морате согорите или да не внесувате 1000 калории дневно, за да може во рок од една недела да загубите еден килограм. Ако со трчање се согоруваат 500 калории, тоа значи дека во текот на денот не смеете да внесете дополнителни 500 калории. Немојте да мислите дека само со тренинг во фитнес центар за кратко време ќе добиете ефективни резултати, бидејќи ќе се најдете во ситуација каде што ќе консумирате повеќе калории отколку што согорувате, а тоа ќе резултира со добивање на нови килограми, а не нивно губење.

Откако ќе ослабите и ќе ја постигнете вашата идеална тежина, никако не смеете да се вратите на стариот начин на исхрана и лошите навики

Ако сте имале навика да јадете чипс помеѓу оброците, но со текот на времето оваа лоша навика сте ја замениле со салата или овошје, тогаш продолжете со истата, за добро на вашето здравје и совршена линија. Губењето на тежината е доживотна промена во начинот на живот. Здравата исхрана не само што ќе ве промени физички, туку и благотворно ќе влијае на вашето здравје и ќе ви ја зголеми самодовербата. Враќањето на старите навики значи и брзо враќање на претходно изгубените килограми.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 напитоци за слабеење и фит тело.

Сподели: