чиста кујна

5 совети за чиста кујна после готвењето

Кујната претставува драгоцен простор во домот. Во неа се подготвуваат сите оброци за вас и вашето семејство. Покрај тоа што треба да внимавате на изборот на состојки и припремата на вкусни и здрави јадења, исто така од огромно значење е одржувањето на соодветни хигиенски услови на просторот во кој се готви.

Сигурно уживате при готвењето, но после тоа чистењето на кујната често пати одзема многу време и е комплицирано. За да имате чиста кујна после готвењето, а да не потрошите многу време за средување ви препорачуваме да ги примените следниве совети кои ќе ви бидат од голема корист:

За полесна организација при готвењето користете пекарска хартија или послужавник

За секогаш да имате чиста работна површина, пред да започнете со подготвување на храната, сите состојки што ќе ви бидат потребни ставете ги на хартија за печење или во поголем празен послужавник. Тоа ќе ви помогне да го избегнете нередот низ целата кујна, но и полесно да ги пронајдете сите потребни работи.

чиста кујна

Секогаш имајте чисто шише со масло

Сигурно и вас ви пречи кога ќе го фатите шишето од маслото, а тоа е мрсно. За да спречите шишето со масло да стане мрсно, околу неговото грло поставете му кујнска хартија која ќе ги впие сите маслени капки.

Лесно соберете ги остатоците од стакло со помош на леб  

Скршивте стаклена чаша? Соберете дури и најмалите остатоци стакленца со помош на парчиња леб.

Заштитете го мобилниот телефон или таблет за време на готвењето

Голем број од нас при подготовката на одредени јадења и специјалитети, го користат телефонот или таблетот, за да ги следат инструкциите од рецептот. За да го заштитите вашиот лаптоп, таблет или телефон од секаква непријатност и прскање на маснотија при готвењето, најдобро би било да ги оддалечите од кујнскиот простор. Но, доколку немате доволно простор и можност за тоа, тогаш ставете ги под стаклен капак или послужавник.

Лесно решете го проблемот со отпадоците

Совет кој доколку го применувате ќе ви заштеди многу време, а кујната ќе биде чиста. Сите отпадоци (лушпи од јајце, кора од зеленчук и слично), при готвењето ставајте ги во еден поголем сад или ќеса кој ќе ви биде наменет за нив. Откако ќе завршите, на овај начин полесно ќе се справите со отстранувањето на отпадоците фрлајќи ги во соодветната корпа, а тоа ќе ви заштеди многу време.

Сподели: