5 трикови за ефикасно чистење на дното од пеглата за алишта 1

5 трикови за ефикасно чистење на дното од пеглата за алишта

Со текот на времето на пеглата може да се залепат остатоци од облекатс, прашина, разни наслаги и други нечистотии. Тоа го отежнува пеглањето, а може да остави и дамки на алиштата, па затоа е важно правилно да се исчисти дното на пеглата. Ви нудиме неколку трикови за ефикасно чистење на дното од пеглата за алишта.

Црните и темни дамки се показател дека не сте се грижеле добро за вашата пегла. Кај поквалитетните пегли ваквите незгоди се случуваат поретко, но сепак кај повеќето со текот на времето се случува овој проблем. Дното на пеглата воопшто не е тешко да се исчисти, а ние ќе ви покажеме и како. На вас останува само да го изберете начинот кој најмногу ви одговара.

5 трикови за ефикасно чистење на дното од пеглата за алишта 2

Со помош на детергент за садови

Во еден сад промешајте детергент за садови со малку топла вода. Потопете едно памучно туферче во оваа течност и пребришете го дното на пеглата. Овој начин на чистење е идеален за пегли со тефлонско дно. Кај потешките случаеви изберете некој од другите начини за чистење.

Со сол

На памучна крпа посипете една лажица сол. Загрејте ја пеглата на максимум без да вклучувате пареа, па испеглајте со пеглата во делот на крпата каде сте ја туриле солта, барем неколку пати. На овој начин нечистотиите ќе се залепат на солта, па дното на пеглата ќе остане чисто.

Отстранување на восок

Доколку ви се залепи восок на дното од пеглата можете лесно да го отстраните со помош на лист од весник. Листот од весник постелете го на даската за пеглање, пеглата приклучете ја на максимум и со неа поминете неколку пати преку весникот, додека листот не го впие целиот восок.

Со сода бикарбона

Помешајте еднакви делови на сода бикарбона со вода. Добиената паста нанесете ја на памучна крпа и внимателно избришете го дното на пеглата. Потоа вклучете ја пеглата, и приклучете го копчето за исфрлање на пареа, за да може да се исчистат можните остатоци од пастата во дупките од кои излегува пареата.

Со паста за заби

Нанесете мала количина на паста за заби на дното од пеглата. Внимателно истријте ја со помош на крпа со цел да омекнат нечистотиите. Откако добро ќе ја втриете пастата, вклучете ја пеглата на пареа и пеглајте врз памучна крпа со времетраење од 5 минути.

Ви препорачуваме да прочитате:  Со помош на сол и киселина до чиста пегла за алишта.

Сподели: