4 утрински грешки кои го успоруваат метаболизмот 1

5 утрински грешки кои го успоруваат метаболизмот

Ако сакате да ја сочувате линијата или да изгубите неколку килограми, обавезно морате да ги избегнувате овие утрински навики и грешки кои го успоруваат метаболизмот!

На метаболизмот влијаат повеќе фактори, а меѓу најзначајните се годините, телесната тежина и генетиката. Секако, на некои од нив не може да се влијае, а некои од нив се поврзани со одлуките кои сами ги носиме, стилот на живот кој го водиме и утринските грешки кои драстично може да го успорат или забрзаат вашиот метаболизам.

Ако сакате да намалите телесна тежина или чувствувате мачнина во стомакот и отежнато празнење, еве кои утрински грешки треба да ги избегнувате.

4 утрински грешки кои го успоруваат метаболизмот 2

Проблем со појадокот, не го прескокнувајте!

Најлошото нешто кое можете да го направите наутро е да го прескокнете појадокот. Тоа ќе го успори метаболизмот, бидејќи кога не јадеме мозокот му праќа на телото сигнали дека треба да ја „чува“ енергијата, а со тоа ќе ги штеди и мастите, од кои сите сакаме да се ослободиме. Појадувајте барем еден час по станување и имате на ум дека шолја кафе не се смета за појадок, а шолја чај повеќе би придонела да се забрза метаболизмот.  Изберете добро избалансирани оброци, богати со хранливи состојки.

Пијте млака вода со лимон

Секако дека мора да пиете вода во текот на денот, но треба да имате на ум дека е добро да се пие млака вода со лимон за да го забрзате метаболизмот. Наутро, пред појадокот напијте се чаша млака вода со лимон, која ќе го забрза метаболизмот и празнењето на цревата.

Утрински вежби

Истражувањата покажуваат дека и после 24 часа од вежбањето, нашето тело и натаму троши калории. Со утринските вежби можете да согорите и половина од калориите кои ќе ги внесете во текот на денот, или во многу повоглем процент споредено со попладневните или вечерните тренинзи. Најздраво е да се активирте со бавно трчање околу половина час, пред да одите на работа. По желба земете ја со себе омилената музика и релаксирајте се. Брзо ќе бидете будни потполни и свежи преку цел ден.

Пијте зелен чај

Отстранете ги сите токсични материи од организмот за време на процесот на регулирање на тежината. Еден од најдобрите начини  за детоксикација, кој истовремено помага и за забрзување на метаболизмот е зелениот чај. Тој може да ви помогне за:

  • забрзување на трансформацијата на мастите во енергија
  • го спречува наталожувањето на мастите
  • ги уништува и согорува создадените масни центри
  • го контролира внесувањето на вишокот на скроб, масти и шеќери. 

Овој чај во исто време ја разубавува кожата. Билните екстракти кои ги содржи делуваат на клеточната циркулација и ја прават кожата здрава, мека и нежна.

Добри грицки

Појадувавте, а уште предпладне посегнувате по грицки? Тоа може да биде погрешно, ако не бирате добро што јадете. Прочитајте тука како да ја заменете многу лесно нездравата храна со здрави избори. Како идеи за ужинка земете круша, јаболко, со малку цимет, направете си домашен чипс од јаболка, домашни пуканки, јадете јаткасто овошје, семки од тиква итн.

Ви препорачуваме да прочитате: Приоритетни навики како да го одржите здравјето на цревата.

Сподели: