5 чаеви кои се добри при температурни промени 2

5 чаеви кои се добри при температурни промени

Секој од нив заслужува да се најде во вашата кујна, да биде дел од вашето мени и составен дел од здравите секојдневни навики! Сите многу добро знаеме дека чаевите се користи за здравјето во секоја сезона, а обично повеќе ги преферираме во зимскиот период. Токму затоа, во оваа прилика издвојуваме неколку чаеви кои се добри при температурни промени и може да му помогнат на организмот во справувањето со промените на времето.

Секое време е добро време за чај, не заборавајте и направете си еден!

5 чаеви кои се добри при температурни промени 2

Камилица

Камилицата е илјадници години позната по своето смирувачко дејство. Ублажува тегоби од стрес, му помага на телото полесно да се прилагоди, а делува и преку смирување на нервниот систем. Шолја чај од камилица е одлична пред спиење затоа што опушта. Миењето и чистењето на кожата со чај од камилица е многу корисно за вашиот тен, посебно кога е многу топло или ладно.

Зелен чај

Зелениот чај е чистач на организмот, а толку е силен што може да ги убие клетките на ракот и да го успори нивниот раст. Одличен е за слабеење и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Исклучително е здрав и корисен, па не без причина се наоѓа на врвот на листата на најздрави лековити напитоци. Вкусот му е добар, а најубаво се вклопува во комбинација со свежо цеден лимонов сок.

Кога сме кај зелениот чај, имаме една добра препорака за вас, a тоа е вкусниот и корисен  Slim Line Tea! Овој чај кој содржи високо квалитетни состојки кои освен што помагаат за намалување на вишокот на килограми, истовремено имаат и ефект да делуваат на поткожните масти, со тоа што се уништуваат и согоруваат масните центри. Чајот ги отстранува поткожните маснотии со што се оптимизира работата на лимфната жлезда, се намалува надуеноста на телото и се нормализира прекумерното лачење на маснотии во кожата. Полифенолите и катехинот од зелениот чај ефикасно ќе ги отстранат токсините од вашиот организам. Кога токсините се елиминирани, метаболизмот се забрзува и организмот може ефикасно да ги согорува масните наслаги. Можете да го нарачате од онлајн продавницата на Slim Line Club, од локалните соработници во вашиот град или регион, или пак да се јавите на телефоните 078 215 929 и 02 270 00 28.

Црн чај

Црниот чај го намалува нивото на холестерол во телото, помага за ослободување од стресот и ја подобрува вашата меморија и когнитивни способности.

Ројбос чајот

Ројбосот го успорува стареењето и го зајакнува имунолошкиот систем, па е идеален во време кога алергиите заземаат замав и кога е зголемена опасноста од настинки. Интересно за него е тоа што претставува и одлично освежување за топлите денови.

Чај од брусница

Многу е корисен во борба против уринарни инфекции, го снижува нивото на холестерол, а е корисен и за лечење на чирот на желудник.

Ви препорачуваме да прочитате: Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

Сподели: